Home » , » Харден очекува договор на крајот на Oктомври

Харден очекува договор на крајот на Oктомври

Written By Anonymous on 2.10.12 | 12:33


Додека се отвараат тренинг - камповите и тимовите се спремаат за новата сезона, има уште едно интересно нешто во светот на НБА лигата, а тоа е дали Харден ќе ја продолжи верноста со Тандер ?

Шестиот играч од минатата сезона одговори на неколку прашања. Времето истекува и тој го знае тоа. 29 дена до почетокот на сезоната, додека Харден да стане заштитен слободен агент. Дали Оклахома ќе го продолжат договорот со него ?

“Да. Сигурно. Затоа и не сум многу загрижен поради тоа. Воопшто не.“

Харден неколку пати пред ова рече дека сака да остане во Тандер. Секако зошто да не ?

“Затоа зборувавме со мојот агент и Сем Прести. Ги оставив да решат за договорот. Сега, сум фокусиран само да кошарката.“

0 comments:

Post a Comment