Home » , » ЛеБрон Џејмс работи на "sky hook" хорокот ?

ЛеБрон Џејмс работи на "sky hook" хорокот ?

Written By Unknown on 11.10.12 | 18:59

Популарниот "sky hook" или хорок од небото во буквален превод е најпосебниот стил на шут, поседуван од НБА легендата Карим Абдул - Џабар. Џабар ќе слезеше на нискиот пост и ќе тргнеше кон средината на рекетот, креирајќи доволно место за да го фрли хорокот над своето лево рамо. 

Тоа беше неодбранливо. Тоа беше шутот што победуваше натпревари за Лејкерс во 80' години. 

Според некои факти, ЛеБрон Џејмс работи на уфрлување на хорокот на Абдул - Џабар во својот арсенал од потези. Според „ESPN“:

“Пред една година, ЛеБрон Џејмс работаше на "Dream Shake" потегот претходно поседуван од Хаким Олајжувон. Оваа година, ѕвездата на Мајами Хит ЛеБрон Џејмс работи на поседување на "sky hook" хорокот на Карим Абдул - Џабар.“ 

ЛеБрон Џејмс ќе има шанси да егзибиционира со својот sky hook на пријателските натпревари во Кина против ЛА Клиперс. Но сепак, тоа беше посебен потег на Карим Абдул - Џабар. ЛеБрон можеби ќе го воведе овој потег во својата игра, но никогаш нема да биде ниту сличен на оној на Џабар. Карим имаше толку висока точка на испуштање на шутот и во комбинација со тоа имаше и толку нежно чувство за својот шут. 

0 comments:

Post a Comment