Home » , » На Коби воопшто не му недостигаат Смуш Паркер и Квоми Браун

На Коби воопшто не му недостигаат Смуш Паркер и Квоми Браун

Written By Unknown on 11.10.12 | 22:23

Коби Брајант ја помина својата кошаркарска кариера играјќи со играчи од класата на Шекил О'Нил, Рик Фокс, Глен Рајс, Роберт Хори, Пау Гасол, а сега и со Двајт Хауард и Стив Неш. Со овие играчи може да се направи листа за Ол-Стар тим.

Но, нешто на што ќе се сеќава почесто е играњето со многу слабите играчи, особено кога ќе го земете фактот дека играле за шампионска франшиза како што се ЛА Лејкерс. Коби зборуваше за составот на ЛА Лејкерс во сезоната 2005/06, пред пријателскиот натпревар во средата со Портланд Треил Блејзерс (во кој што тој не настапи).

Еве што кажа во интервју пред натпреварот:

“За малку ќе освоев и MVP на сезоната во 2005/06 со Смуш Паркер и Квоми Браун. Шутирав по 45 пати на натпревар... Што требаше да направам? - Да им додавам на Крис Мим или Квоми Браун ?“ - рече Коби Брајант пред поразот на Лејкерс од 75-93 против Блејзерс.

Смуш Паркер не го сака Коби исто така. Проблемот за Паркер е што во Северна Америка победниците ја пишуваат историјата, а Смуш неможе да биде конкурентен и да победи во оваа битка.

0 comments:

Post a Comment