Резултати од третото коло
Кожув - Струмица 77-79
Лирија - Куманово 78 - 64
Фени - Работнички 85 - 80
Вардар - Пелистер 67 - 64
Струмица успеа да дебитира во гости со конечни 77-79. Евтим Богоев постигна тројка за Струмица и го израмни натпреварот и го доведе во продолжение. Најефикасни за победничкиот тим беа Богоев со 21 поен, Александар Јевџиќ со 12 поени и Јањишениќ со 13. Кај домаќиките најефикасни беа Димитар Караџовски и Перо Блажевски со по 12 поени.
Лирија ја забележа првата победа со победа над Куманово на домашен терен. Главна улога изигра Тони Симиќ кој постигна 21 поен. Најефикасни кај домаќините беа Симиќ со 21, Угриноски со 20, Тасковски со 15. Кај гостите најефикасен беше Костовски со 27 поени, а пак лоша пратија изигра Ивица Димчевски кој постигна 2 поени од 12 обиди.
Во доста интересен и возбудлив натпревар, Фени успеа да дебитира против Работнички со конечни 85 - 80. Најефикасни за домаќините беа Соколов со 17, Трајковски со 15, Брчков со 14...Доколку за гостите Харпер, Јелесиевиќ и Ѓуров постигнаа по 15 поени.
Вардар ја забележа првата победа против Пелистер Спорт со конечни 67 - 64. Драган Керкез изигра одличен наптревар со дабл - дабл учинок 17 поени и 20 скокови. За гостите Ивановиќ постигна 13, Петроски 11, а пак за домаќините Захариевски постигна 16, Петковски 13 и Талевски 10 поени.


Twitter
Facebook
Youtube
0 comments:
Post a Comment