Во една реченица можеме да кажеме дека 2 нови ѕвезди се родија во НБА лигата, додека една ѕвезда светна силно во Детроит синоќа.
Ајде да започнеме со првиот пик на овогодинешниот драфт, Ентони Дејвис во неговото НБА деби во дресот на Њу Орлеанс Хорнетс.
Ентони Дејвис на својот прв НБА натпревар со Хорнетс постигна 21 поен и 7 скока и делуваше како вистински ветеран на теренот, во неговите 29 минути на теренот. Знаеме дека главната работа на Дејвис во Хорнетс е одбрана, но со отсуството на Ерик Гордон можеме да го забележиме како Монти Вилијамс го активира Дејвис и во нападот повеќе од очекуваното. Ќе чекаме за да се врати Ерик Гордон, па да очекува уште едно експлозивно pick-and-roll дуо.
Дејмиан Лилард можеби не беше прв пик на драфтот оваа година, но синоќа играше како да беше нешто повеќе од прв пик, како вистински професионалец кој е во лигата со многу години. Со своите 23 поени, 11 асистенции и 3 скока, Лилард им се придружи на Ајзеа Томас и Оскар Робертсон како единствени играчи кои постигнале барем 20 поени и 10 асистенции во своето НБА деби. Покрај овие историски статистики, Дејмиан Лилард им помогна најмногу на своите Портланд Треил Блејерс да ја остварат првата сезонска победа во првиот таков натпревар, токму против можеби најсилната екипа на хартија - ЛА Лејкерс.
Дејмиан Лилард е експлозивен бек кој може да постигне многу лесни поени, а неговата игра според виденото наликува и на играта на Стив Францис.
Да го предводиш својот тим до победа од 116 поени против тим кој игра со најдобриот дефанзивец во рекетот не е мала работа.
Да го предводиш својот тим до победа од 116 поени против тим кој игра со најдобриот дефанзивец во рекетот не е мала работа.
И да завршиме со Џејмс Харден, играчот кој само еден ден пред почетокот на новата сезона се запозна со своите нови соиграчи во Хјустон. Тоа е во ред, зошто тој не би изиграл на високо ниво на дебито за новиот тим. Зборуваме за високо ниво ? Џејмс Харден постигна 37 поени, 12 асистенции, 6 скока и 4 украдени топки во само првиот натпревар во дресот на Хјустон Рокетс против Детроит Пистонс синоќа. Неверојатно !
Харден е, па и отсекогаш бил еден од најефикасните офанзивци во лигата. Ова момче е само офанзива. Не беше ни чудо што Џејмс Харден доминираше на теренот синоќа против Пистонс. Сега тој е опција број 1 во тимот, па ефикасноста со таква улога во тимот е секогаш висока. Интересен факт е што во последните 25 сезони, само Мајкл Џордан, Лери Брд и Двејн Вејд (а сега и Харден) постигнале 37 поени, 12 асистенции, 6 скока, 4 украдени топки и 1 блок на еден натпревар.
Харден отсекогаш бил добар. Сега ќе мора да се навикнеме да го гледаме во ваква форма.
Харден отсекогаш бил добар. Сега ќе мора да се навикнеме да го гледаме во ваква форма.
0 comments:
Post a Comment