
После првиот меч против Сакраменто (93-87 за Чикаго) Булси соопштија и го именуваа Пипен како нов советник во тимот.
Рајнсдорф прецизираше дека Пипен ќе има улога на амбасадор во клубот, но ќе биде и ментор во тимот.
40 - годишниот Пипен врвот на кариерата го достигна токму со Булси за кој играше во два наврати од 1987 до 1998 и во сезоната 2003/04.
Пипен со овој клуб освои 6 шампионски прстени, а беше во тимот и кога тимот имаше 72 победи.
Пипен играше и во американскиот “Дрим Тим“ кој ја освои златната медалја во Барселона во 1992, и на ОИ во Атланта во 1996 година.
0 comments:
Post a Comment