Home » , » Никси не попуштаат, Нетси го “разбија“ Орландо

Никси не попуштаат, Нетси го “разбија“ Орландо

Written By Anonymous on 10.11.12 | 11:57


Гланата приказна во најјаката кошаркарска лига на светот (НБА) се и натаму Њу Јорк Никси. Тимот преполнет со сјајни играчи и натаму бележи победи. Вчера падна Далас со 104-94.

Кармело Ентони повторно беше одличен во редовите на домаќините и покрај проблемите со лични грешки (на крај 5). Даде 31 поени и забележа 7 скока, а му помогна Џ.Р Смит со 22 поени и 4 украдени топки. Кај гостите најрасположени беа О.Џ Мејо со 23 поени, 7 скока и 3 асистенции.

Далас водеше во текот на 2/4 и 3/4 од натпреварот, но Никси снажно во завршницата на 3/4 со одлична одбрана и добра реализација, успеаа да се вратат во игра и да победат. Никси се на 4-0 додека пак Маверикс на 4-2.

Л.А Лејкерс на ден пред натпреварот со Голден Стејт го отпуштија тренерот Мајк Браун по катастрофалното влегување во сезоната. Ако се бројат и припремните натпревари Лејкерси се на рекорд од 1-12 (1-4 во сезоната).

Тимот моментално е преземен од Брени Бикерстаф, а Лејкерси го разбија Голден Стејт со 101-77, со 27 поени на Коби Брајант зачинети со 9 скока и 7 асистенции. Солиден беше и Пау Гасол кој запиша 14 поени и 16 скокови.

Во поразениот тим најмногу се истакна Стеф Кари кој имаше 18 поени, 3 скока и 5 асистенции.

Првакот Мајами Хит гостуваше кај Атланта Хокси, и победи 6 пати по ред во Филипс Арената, 95-89. Иако играше без Двејн Вејд, Мајами беше предводен од ЛеБрон Џејмс кој имаше 21 поен, 11 скока и 9 асистенции. Неколку од споменатите асистенции на ЛеБрон беа кон Бош кој беше најефикасен со 24 поени.

Кај домаќините Џеф Тиг беше најрасположен со 20 поени и 11 асистенции, додека лидерот на тимот Џош Смит потфрли. Даде 13 поени и имаше 8 скока.

Да споменеме дека Бруклин Нетси (бивши Њу Џерси) ја симнаа од себе “клетвата“ кога во прашање се гостувањата на Флорида. Имено Нетси до денес загубија 15 натпревари по ред, вклучувајќи го поразот од Мајами минатата среда.

Нетси со сјајната тимска игра го “разбија“ инспирираниот Орландо со 107-68. Одличната игра на Нетси резултираше со само 68 поени на Орландо.

Имаше и одличен дуел помеѓу двајца руки “пријатели“ од Кентаки, Њу Орлеанс играше против Шарлот бобкетс. Тоа беше дуел на Ентони Дејвис и Мајкл Кид Гилкрист.

Поуспешен беше Дејвис кој имаше 23 поени, 11 скока, 2 асистенции, 2 украдени топки и го предводеше својот тим до победа со 107-99. Кид Гилкрист запиша 12 поени и 6 скока.

Денешни Резултати :

Вашингтон Визардс 91-101 Милвоки Бакс


Орландо Меџик 68-107 Бруклин Нетс



Бостон Селтикс 100-106 Филаделфија Севенти Сиксерс


Њу Јорк Никс 104-94 Далас Маверикс


Aтланта Хокс 89-95 Мајами Хит


Мемфис Гризлис 93-85 Хјустон Рокетс


Њу Орлеанс Хорнетс 107-99 Шарлот Бобкетс


Оклахома Сити Тандер 105-94 Детроит Пистонс


Минесота Тимбервулвс 96-94 Индијана Пејсерс


Феникс Санс 107-105 Кливленд Кавалирс


Сакраменто Кингс 86-97 Сан Антонио Спарс


Денвер Нагетс 104-84 Јута Џез


Л.А Лејкерс 101-77 Голден Стејт Вориорс

0 comments:

Post a Comment