Ова веќе прерасна во навика. Втор натпревар по ред, Џереми Лин е на клупата додека останатите играчи на Рокетс се мачат да извојуваат победа во клучните моменти.
Прво Лин гледаше како Тони Далгас се справува со Дејмиан Лилард во клучните моменти од натпреварот на Рокетс против Портланд, кој всушност го изгубија по едно продолжение. Потоа во средата, Лин ги помина последните 2 минути од победата на Рокетс над Булс од 93-89 на клупата, а повторно на дело ја виде клучноста која ја покажа неговата замена Тони Даглас и ги однесе до победа своите Рокетси.
“Среќен сум за оваа победа затоа што пред овој натпревар имавме 3 порази по ред и очајно ни требаше победа.“ - изјави Џереми Лин по победата над Чикаго Булс.
Хјустон Рокетс очајно имаат потреба од нивниот плејмејкер да биде на теренот во клучните моменти и да го поставува нападот во позициите кои што можат да им донесат победа. Но за да Лин стигне до тоа ниво, тој ќе мора да направи значителни промени во неговата игра на дефанзивниот крај, особено (повторно) во одлучувачките моменти.
Кога Портланд Треил Блејзерс се враќаа од негатива во натпреварот со Рокетс (кој подоцна го освоија со успешен кам-бек), дебитантот Дејмиан Лилард, со Џереми Лин на него шутна скок-шут паѓајќи наназад исто како да немаше дефанзивец на него. На почетокот на последниот период во натпреварот против Булс, Нејт Робинсон се загреа и го иссмејуваше Џереми Лин кој играше одбрана над него. Гледајќи како се "изживуваат" играчите на Булс во нападот над Џереми Лин, тренерот Келвин Семпсон повторно се одлучи да сврти на Тони Даглас и да го внесе во игра.
“Мора да одиграте со вашите инстикти во клучните моменти. Но, нема секогаш да бидете во право кога носите тешки потези како овој. Јас почувствував дека Тони Даглас ни даде поголеми шанси да победиме и секако, беше подобар конкурент на Нејт Робинсон, кој беше "распален" низ целиот натпревар.“ - изјави тренерот на Рокетс, Келвин Семпсон.
Проблемите на Лин за да постигне поени оваа сезона се повеќе од очигледни. Против Булс имаше реализација од само 2-9 од поле, а низ целата сезона тој реализира само 33% (42-126) од неговите шутеви.
Некои играчи во оваа лига имаат инстикт за постигнување поени, а херојтсвото и неплашливоста за да бидат големи во одлучувачките моменти ги прават тие играчи едни од врвните во светот. Но, со Џереми Лин оваа година е сосема друга работа. Тој како да се плаши да ја присвои топката кога е најпотребно и да постигне поени на важна позиција. Зарем не се сеќавате на победничкиот шут на Лин против Торонто Репторс, уште кога Линсенити владееше со Њу Јорк Никс? Каде е ЛИНСЕНИТИ сега? Промашува "бунари" на слични такви позиции.
Сепак Џереми Лин е играч во кој Рокетс вложија 25 милиони долари и од него очекуваа повеќе, особено кога во прашање се позиции на кои се победува.



Twitter
Facebook
Youtube
0 comments:
Post a Comment