Двајцата се колеги од Олимпискиот тим на САД, како на овие изминати игри во Лондон така и на претходните во Пекинг, кога и на двете ОИ му беа асистенти на Мајк Кжижевски и ги освоија златните медали. И двајцата тренери важат за тренери кои се почитувани од страна на играчите, но МекМилан ни случајно не спаѓа во тренери кои се специјалисти за одбрана па затоа е малку необичен изборот на ДиАнтони.
Можеби двајцата одлично функционираат како тандем, но далеку од тоа дека се некои добри познавачи на играта во одбрана. Ниеден од тимовите кои ги водел МекМилан не бил во првата половина на лигата во дефанзивна ефикасност (примени кошови по посед). Тоа што тимовите кои ги водел МекМилан не примале многу поени не е затоа што тој е одличен тренер за одбрана, туку затоа што играле со споро темпо (што е сосема спротивно од стилот на ДиАнтони). Неговите бројки што се однесува до полето на одбрана се за нијанса подобри од оние на ДиАнтони. Но сега тие би ги имале во тимот Хауард, МВП и Коби Брајант, играчи кои важат за солидни дефанзивци, а во случајот на Двајт најдобриот дефанзивец во лигата и не би требало да имаат проблеми да бидат солиден дефанзивен тим и да играа прилично добра одбрана. А знаеме дека клучот за освојување на титула во НБА е одбраната и затоа Лејкерси ќе мораат да играат одбрана доколку сакаат да го Лери О'Брајан трофејот.



Twitter
Facebook
Youtube
0 comments:
Post a Comment