Се навикнавме да гледаме исполнети НБА вечери со натпревари, па за разлика од изминативе денови - вечерва имаме (само) 6 натпревари на програмата. И покрај овој факт, интересните натпревари нема да го расипат расположението на НБА гледачите. Погледнете што следува.
Иако Никси оладија со шутот за 3 поени во петокот, тие сепак успеаја да победат уште еднаш над Маверикс и да се изборат за рекорд од 4-0 на стартот на сезоната. Можеби факт е дека три од четирите победи на Никси во новата сезона беа на домашен терен, но тие беа и максимално импресивни во единствениот натпревар на гости против Филаделфија. Вечерва за Никси следува и вториот гостински натпревар, а ќе им гостуваат на Орландо Меџик во Флорида.
Орландо Меџик ја стартуваше сезоната со 2-0, но потоа следеа 4 последователни порази и вечерва тие ќе пробуваат да не ја израмнат најдолгата губитничка серија во последнава година. За разлика од Никси, Орландо Меџик не играат на високо ниво моментално и голема е можноста оваа губитничка серија и да се зголеми вечерва. Џ.Џ. Редик, Ерон Афлало и Глен Дејвис се најдобрите поединци во овој ран дел од сезоната за Орландо, но ниту нивните солидни настапи неможат да му помогнат на тренерот Жак Воун да ја извојува првата победа во последните 5 натпревари. Никси се надеваат на уште една победа со која ќе бидат единствениот непобедлив тим во лигата, додека Орландо бара крај на губитничка серија со победа вечерва. Овие факти би ни помогнале да дознаеме дека вечерва ќе се игра добар натпревари во Емвеј центарот.
По катастрофалниот старт од 1-4 и отпуштањето на Мајк Браун, Лејкерс со помошниот тренер Бикерстаф стигнуваат до првата победничка серија во новата сезона, која моментално стои на 2 победи во низа. Според очекувањата на Лејкерс, ова не би требало да биде никакво изненадување, но кога ќе го земете во предвид лошиот старт на сезоната, фановите на Лејкерс треба да бидат задоволни со овие победи.
Ноќва "езерџиите" се среќаваат со уште еден тим кој има 2 победи во низа позади себе, но со многу подобар рекорд од 6-1 и прво место во западната конференција. Сан Антонио Спарс ја играат убедливо најимпресивната кошарка во западот, а во конкуренција со Никси и Мајами, може да се каже дека овие 3 екипи се и најдобрите на почетокот на сезоната. Со своите ветерани на чело, Спарси рушат се пред себе и вечерва налетуваат на Лејкерс во Стејплс центарот, каде што очекуваме интересна битка се до крајот на натпреварот. Тргнете ги на страна сите факти и можности, ова веднаш е дуел помеѓу две титански екипи на западот и секогаш се очекува интересен епилог од овој меч. Останува да видиме како ќе биде ноќва.
Останатите натпревари:
Вашингтон Визардс 01:00 Шарлот Бобкетс
Торонто Репторс 01:00 Индијана Пејсерс
Кливленд Кавалирс 01:30 Бруклин Нетс
Портланд Треил Блејзерс 04:00 Сакраменто Кингс







Twitter
Facebook
Youtube
0 comments:
Post a Comment