Home » , » Неш барем една недела надвор од терените

Неш барем една недела надвор од терените

Written By Unknown on 4.11.12 | 16:52

Вестите за ЛА Лејкерс стануваат се полоши и полоши. Тимот денес извести дека нивниот ветеран плејмејкер Стив Неш, ќе отсуствува од терените најмалку една недела, поради повреда на неговото колено.

Повредата за Неш се случи во 2/4 дуелот помеѓу Лејкерс и Блејзерс, кога ветеренот налета на ногата на младиот Дејмиан Лилард. Неш веднаш го напушти натпреварот и неможеше да се врати во игра.

Сеуште не е време за паника, но ова е уште проблем на листата на проблеми што веќе ги имаат Лејкерс во раниот дел од сезоната.

0 comments:

Post a Comment