Витмен, на кого ова му е втора сезона на клупата на Вашингтон, тврди дека не смее да бара оправдување за тоа што ги нема на располагање двата играчи, Џон Вол и Нене.
“Нема да бараме оправдување, туку ќе пробаме да победиме во наредните утакмици. Мораме да најдеме сила во себе за тоа да се случи“.
Иако навивачите редовно ги иссвиркуваат, а тимот е доста млад, Витмен и понатаму верува дека оваа сезона може да се спаси.
“Тргнуваме од нула, како ништо да не се случило. Мораме да се поправиме и индивидуално и тимски, а кога ќе се вратат Вол и Нене, ќе го најдат своето место“, заклучи Витмен
0 comments:
Post a Comment