Како карактер е тешко да се оцени и е прилично контроверзен затоа што иако квалитети и постигнувањата на теренот кои ги оствари неможе никој да му го негира и оспорува, надовр од теренот беше токму спротивен тип.
Многу тешко остваруваше пријателства со играчите надвор од теренот, сосема малку се дружеше со соиграчите, а скоро и да немаше никакви други активности надвор од кошаркарските терени, а тоа е највероватно и причината зошто неговата статуа е поставена после таа на Меџик Џонсон.
Иако Џабар како карактер е токму спротивно од Меџик Џонсон, сепак неоспорно е дека и тој заслужи една ваква статуа која претставува доказ за неговиот придонес во градењето на франшизата и издигнувањето на Лејкерси во еден од најпопуларните и најдобрите франшизи низ историјата на НБА. Многумина му замерија кога минатата сезона преку медиумите, Џабар индиректно изјави дека и тој заслужува спомен обележје и кога ги посочи Мич Купчак, Џени и Џери Бас како оние се против таа идеа.
“Не знам дали се сеќавате но имав што да кажам во однос на тоа што статуата не ја добив тогаш кога требаше, но бев стрплив а тие беа стрпливи со мене, разбираа што се е во игра и што се случува. Пред 3 или 4 години ми беше беше ветена оваа статуа и ветувањето е конечно исполнето.”-изјави Џабар.
Иако на таков играч од таков калибар, една легенда како за Лејкерси така и за НБА воопшто не личеше да го направи тоа што го направи и преку медиумите да ја побараа сепак неоспорно е дека е сосема заслужена.
0 comments:
Post a Comment