Home » , » Маркус Кемби ќе дебитира за Никс, Нетси без Џералд Волас вечерва

Маркус Кемби ќе дебитира за Никс, Нетси без Џералд Волас вечерва

Written By Unknown on 9.11.12 | 15:42

Иако имаат доста проблеми, Никси до сега не покажаа дека повредите на повеќето играчи во тимот е проблем за нив.

Имаат ветувачки рекорд од 3-0 и нивната одбрана е импресивна исто како и нивниот напад. Одбраната можеби не е дел од играта на Никси што треба да напредува драстично, а импресивната одбрана ќе биде уште подобра кога ќе се додаде делот од сложувалката наречен Маркус Кемби.

Кемби е многу возбуден што ќе биде во можност да игра за Никс за прв пат оваа сезона.

“Неможам да ви кажам точно колку минути ќе игра против Далас вечерва, но Маркус Кемби сигурно ќе настапи за нас.“ - изјави тренерот на Никси, Мајк Вудсон.

“Ќе дадам се од себе и ќе играм кошарка каква што му треба на тимот. Никси покажаа дека моето присуство на теренот и не беше толку потребно, па сега ќе го надполнам тимот околу она што е веќе изградено.“ - изјави Маркус Кемби.

Маркус Кемби ќе биде поголем дел од одбраната на Никси и ќе консолидира со подобро лимитирани минути отколку Курт Томас. Тој исто така ќе биде солидна замена за Тајсон Чендлер и своите минути ќе ги користи почесто од клупата.

И додека Маркус Кемби ќе им се придружи на Никси вечерва, градскиот ривал Бруклин Нетс повторно ќе бидат без Џералд Волас во стартната петорка, поради повредата на зглобот.

Волас навистина им недостастуваше на Нетси во поразот против Мајами, бидејќи неговите крилно - дефанзивни способности ќе беа од голем придонес во играта на Бруклин во тој натпревар. 

Сега, добрата вест е што ќе играат против Орландо Меџик и тука не ќе мора да се справуваат со играчи од типот на Џејмс, Вејд и Бош. 

0 comments:

Post a Comment