
Мајами со 22 поени и 52% од игра беше предовдена од Двејн Вејд, додека ЛеБрон го заврши мечот со 20 поени, 12 скока и 8 асистенции. Од клупата најдобар беше Рашад Луис со 13 поени.
Ова беше најдобрата дефанзивна претстава во сезоната на Хит во кој на Нетси им дозволи само 73 поени со шут од игра 37%, од што шутот за 3 беше катастрофален 3-21. Најефикасен кај Нетс беше Дерон Вилијамс со 14 поени.
Прв пораз доживеаа и Спарси кој во петтиот одигран натпревар доживеаа пораз од Л.А Клиперс во “Стејплс Центарот“ со резултат од 106-84. Грифин ги предводеше Клиперси со 22 поени и 10 скока, а голема помош даде и ДеАндре Џордан кој имаше 20 поени и 11 скока. Крис Пол завши со 10 поени и 12 асистенции.
Кај Спарси, кој забележаа најдобар старт во својата историја, најдобар со 12 поени беше Дени Грин, додека Тим Данкан имаше 10 поени и 6 скока. Паркер заврши со само 4 поени.
Л.А Лејкерс се поразени во гостувањето во Јута со резултат од 95-86. Најефикасен играч од Џез беше Ал Џеферсон со 18 поени и 10 скока, додека Ренди Фој од клупата даде 17 поени, од кој 15 од тројки (три тројки по ред во 4/4 од натпреварот). Коби Брајант беше лидер за Лејкерси со 29 поени од кој 16 во 4/4, но и со слаб шут од игра 7-17. Втор најефикасен беше Хауард кој запиша 19 поени и 9 скока.
Далас Маверикс славеја на домашен терен против Торонто со 109-104 и така ја запишаа својата 3 победа по ред. Најдобри беа Крис Кејмен и О.Џ Мејо кој постигнаа по 22 поени. Кај Рапторси лидер беше Андреа Барњани со 25 поени.
Далас одлично се снаоѓа без Дирк Новицки, Шон Мерион и Родриг Бурбоа, додека Елтон Бренд не настапи поради раѓањето на своето дете.
Сакраменто ги совладаа Пистонси со 105-103 и така им го нанесоја 5 пораз на тимот од Детроит од исто толку натпревари. Најдобар беше ДеМаркус Казнс со 21 поен и 11 скока. Одличен учинок имаше и Грег Монро кој го запиша својот прв трипл-дабл во кариерата. 21 поени, 12 скока и 11 асистенции.
Хјустон е поразен во својот Тојота Центар од Денвер со 93-87 во натпревар кој Нагетси го лимитираа Харден на само 15 поени. Тај Лоусон со 21 поени и 8 асистенции беше лидер на Нагетси, а одличен учинок имаше и Кенет Фарид со 16 поени и исто толку скока. Најефикасен кај Рокетси беше со 19 поени Карлос Делфино.
Денешни Резултати :
0 comments:
Post a Comment