Home » , » Коби Брајант: “Замолчете сите. Оставете не' да работиме !“

Коби Брајант: “Замолчете сите. Оставете не' да работиме !“

Written By Unknown on 2.11.12 | 19:56

Еј Чарлс Барки и Шекил О'Нил. Еј фанови и "хејтери" на Лејкерс, кои што мислат дека вината е на Мајк Браун за лошиот старт на Лејкерс од 0-2. Сите од вас. 

Коби има еден збор за вас: Замолчете.

“Сум победувал и победувал, па ја имам слободата да им кажам на луѓето да замолчат со критиките. За Мајк (Браун) е малку тешко, па јас ќе кажам нешто во негово име. Ве молам замолчете. Оставете не' да работиме како што знаеме и умееме. На крајот сите ќе бидете задоволни со резултатите.“

Прерано е за паника во Лос Анџелес Лејкерс. Зарем не се сеќавате на стартот од 9-8 во првата сезона со Големата тројка во Мајами, кога се потсетуваше на крај за Мајами и потоа тие стигнаа до големите Финалиња ?

Проблемот во Лејкерс моментално е лошата одбрана на противничкиот pick-and-roll. Офанзивата на Лејкерс не е толку лоша како што изгледа, бидејќи во овој "хибрид" од офанзивни играчи што ги има Мајк Браун лесно е да се завршат поставени напади. И доколку

Доколку Лејкерс не се поправат во pick-and-roll одбраната до вечер на натпреварот против Клиперс, Крис Пол и Блејк Грифин може лесно да го превземат Стејплс центарот и да им нанесат уште еден пораз на "езерџиите".

0 comments:

Post a Comment