Home » , » Лејкерс и Клиперс започнуваат уште една сезона со битка за Стејплс, Мајами и Њу Јорк - натпревар под светлата на истокот

Лејкерс и Клиперс започнуваат уште една сезона со битка за Стејплс, Мајами и Њу Јорк - натпревар под светлата на истокот

Written By Unknown on 2.11.12 | 20:35

Отвараме уште една интересна НБА ноќ, овојпат со максимални до сега 12 натпревари на програмата. 

Ние вниманието ќе го посветиме на дуелите за превласт на истокот и западот, дербијата помеѓу Клиперс и Лејкерс и Никс и Хит.


Мајами Хит 01:00 Њу Јорк Никс
Откако Мајами Хит го освоија натпревар пред кој им беа доделени прстените, тие тргнуваат во потрага по нова победа, а вечерва ќе треба да се соочат со Њу Јорк Никс во Медисон Сквер Гарден. За Никси ова е прв натпревар на сезоната и ќе мораат веднаш да стартуваат со Кармело Ентони како крилен центар, поради отсуството на Амаре Стадемаер. 
Очекуваме интересен натпревари, бидејќи покрај се ова е натпревар помеѓу 2 од најсилните екипи во источната конференција, а сезонските пресметки помеѓу овие два тима ќе бидат исто така многу клучни за двата тима.
Како што напоменавме, Никси веднаш ќе стартуваат со ниска постава, со Кармело Ентони играјќи како стартен крилен центар. Ова не е воопшто лошо за Никс, бидејќи знаеме колку ефикасен може да биде Мело од оваа позиција од искуството што го стекнавме со него на крајот на минатата сезона. Ова можеби ќе значи дека одбрана на Ентони ќе игра Шејн Батие, а Мело е преголем залак за Батие. Секако, Хит се многу поефикасни во одбрана кога Џејмс би играл одбрана над Ентони, но така ќе се отворат другите сфери од играта на Никс, како на пример шутот за 3 поени. Останува да видиме какви дефанзивни стратегии ќе игра Сполстра над Никс, а секоја дефанзивна ротација може да биде интересна. 
Мајами со целосно здрав состав ја бара својата втора сезонска победа, откако ги декласираа Селткси на првиот натпревар од сезоната, главно поради доминацијата на играчите од Големата тројка. 

ЛА Клиперс 03:30 ЛА Лејкерс
Ова е натпревар во кој што ќе бидат вперени многу светла ноќва. ЛА Лејкерс, кои се со рекорд од 0-2 по првите 2 сезонски натпревари, ќе пробаат да ја освојат првата битка за превласт за Стејплс центарот. Лошиот старт на Лејкерс не би требало да биде никакво разочарување или знак за паника за нив, бидејќи сепак сме во многу ран дел од сезоната, а да не заборавиме дека Лејкерс ова лето го сменија и стилот на напад во новиот "Princeton" стил на игра во офанзива. Проблемот за Лејкерс во овие последни 2 порази е недостатокот на агресвина одбрана при pick-and-roll офанзива на противникот. Доколку Лејкерс не се подобрат до овој натпревар, Крис Пол и Клиперси можат лесно да им нанесат уште пораз на Лејкерс.
ЛА Клиперс пак, немаа проблеми за да ја остварат првата сезонска победа против Гризлис, во истиот Стејплс центар. Џамал Крофорд беше главната улога во таа победа, откако одигра фантастички 30 минути од клупата. Тоа е тоа што всушност сите го очекуваа од Крофорд. Крис Пол и Блејк Грифин допрва треба да влезат во своите препознатливи форми, бидејќи сега е само стартот на долгата сезона за момците од "Lob City".
Без оглед на се, очекуваме интересен натпревар за гледање, највеќе поради големата концентрација на НБА ѕвезди во овој натпревар.

Останатите натпревари:
Индијана 00:00 Шарлот
Денвер 00:00 Орландо
Милвоки 00:30 Бостон
Хјустон 00:30 Атланта 
Чикаго 00:30 Кливленд
Јута 01:00 Њу Орлеанс 
Портланд 01:00 Оклахома Сити
Сакраменто 01:00 Минесота
Детроит 03:00 Феникс
Мемфис 03:30 Голден Стејт 

0 comments:

Post a Comment