Home » , » Пет години од најбизарниот меч во новата историја на НБА лигата

Пет години од најбизарниот меч во новата историја на НБА лигата

Written By Anonymous on 19.12.12 | 19:54


 
Еден од најбизарните натпревари во историјата на НБА лигата е одигран на 19ти декември 2007 година во Филипс Арената помеѓу Атланта и Мајами. Имено, на тој натпревар судиите направија огромен предвиде поради што завршницата на овој меч требаше повторно да се одигра...

Еве што и како се случи. Неизвесниот натпревар помеѓу Мајами и Атланта влезе во продолжение. На еден еден напад, судиите му досудија фаул на Шекил О’Нил, тогашниот центар на “Жешките“. Во тоа ништо немаше спорно.

Меѓутоа, проблемот настана пошто судиите рачунаа дека ова беше 6ти и исклучувачки фаул на овој играч. Самиот Шек беше шокиран, како и целата управа на клубот, гледајќи по нивно тоа му беше 5ти фаул на Шек. Сепак, арбитрите го направија своето, не помогнаа протестите на стручниот штаб на Мајами.

Судиите останаа на својата одлука, а Шек кој беше најдобар играч до тогаш беше седнат и исклучен. Атланта ја однесе победата со резултат од 114-111. Иначе, до забуна дојде по што еден фаул на Јуданис Хаслем му беше припишан на Шек и така тој натпревар потона во голема грешка. Меѓутоа, на 11ти јануари 2008 година Мајами упати официјална жалба кон Штерн.

Комесарот на НБА лигата немаше избор, ја призна грешката на судиите. Не е чест случај во било кој спорт да се доигруваат натпреварите. Меѓутоа комесарот на НБА лигата пресуди да се доиграат само последните спорни 51.9 секунди на 8ми март 2008 година, кога Мајами повторно гостуваше во Филипс Арената поради нов меч со Хокси.

Репризните 51.9 секунди на крајот се одиграни на 8ми март пред почетокот на новиот натпревар. Како епилог на целата приказна Штерн го казни одговорниот судија и Атланта Хокси со по 50.000 долари поради пропуст во организацијата. Атланта во 51.9 секунди успеа да ја зачува победата, играчите веднаш по тоа влегоја во соблекувалната да се спремаат за следниот дуел. Сепак, во репризата на бизарниот меч го немаше Шекил О’Нил кој во меѓувреме беше трејдуван...

0 comments:

Post a Comment