Home » , » Жешко во Лејкерси: Завојуваа Коби Брајант и Двајт Хауард

Жешко во Лејкерси: Завојуваа Коби Брајант и Двајт Хауард

Written By Anonymous on 7.1.13 | 21:18


Кулминацијата на очајната сезона на Лејкерси го достигна врвот, Коби и Хауард се скараа, можен трејд...

Драма во Л.А! Катастрофалната сезона на Лејкерси си го наплатува данокот, двете најголеми ѕвезди во тимот не зборуваат меѓусебно, односно зборуваат, но со многу погрден речник! Коби Брајант го “испровоцира“ Хауард, кој не му го прости тоа, и на повидок е трејд.

Шок во таборот на Лејкерси. Каков фијаско за Мич Купчак, Мајк ДиАнтони и огромен број на навивачи.. Се направи дрим тим, атмосферата беше одлична.... Но главните “фаци“ во сапуницата се Коби Брајант и Двајт Хауард, кои, сега јавно почнаа да се навредуваат.

Се почна по поразот на Лејкерси од Фила на новогодишната ноќ. Фрустрираните играчи на Лејкерси не знаеа што да прават, а мајсторот на “провоцирањето“ Коби Брајант почна да го “задева“ Хауард:

“Зборував со Шек, заклучивме дека не си голем борец“,

му рекол Коби. И тоа беше почетокот и крај на позитивните односи на овие двајца играчи. Во соблекувалната, Двајт сакал физички да се пресмета со Коби, но го спречиле соиграчите! Од тогаш, деталите излегуваа во јавност, а целата ситуација потсеќа на онаа од пред 10-тина години со Шекил О’Нил, но овој пат само малку подруго.

Пред само неколку дена, Двајт одлучи јавно да го искритикува Брајант, но тогаш немаше ниту збор за овие односи. Хауард рече дека недостасува хемија во тимот од Ел Еј, и дека Црната Мамба троши многу топки. Меѓутоа, сега оди понапред:

“Не мораме да бидеме пријатели надвор од тереот, не мораме да разговараме. Но, мораме да соработуваме и да се почитуваме. Во моментот кога ќе излеземе на терен, или кога ќе се најдеме во теретана, мораме да се почитуваме. Јас ги држам картите на масата“,

вели поприлично лутиот Двајт Хауард. После поразот од Клиперси, Коби се присети на разговорот со Шек, и дека двајцата биле “алфа мажјаци“, а популарниот Двајт имаше што да каже:

“Доколку сте вистински алфа мажјак не морате по сета цена да го покажувате на теренот. Бидете тоа што сте и крај. Влегувате во собата, а луѓето спонтано ве заприметуваат..Моето присуство се чувстува секој ден. Не морам да одам наоколу и да кажувам дека стигнав. Не морам да се дерам. Ме приметуваат. Не морам да правам така како некој“,

беше ироничен Двајт. После се што се случи, како што зборуваат личностите поврзани со ГМ на Лејкерси Мич Купчак тотално загуби нерви. Наводно, се повеќе се размислува за трејд на Хауард. Лејкерси не се спремни да го истрпат ова, истото сценарио од пред 10 години, со Коби и Шек. Додуша тогаш има причина да трпат: освојуваа титули...

А денес? Денес се борат да се спасат, да влезат во плејофот. Дали Двајт ке биде трејдуван останува да се запрашаме самите, и да чекаме.

0 comments:

Post a Comment