Home » , » Најдобриот играч во Лос Анџелес?

Најдобриот играч во Лос Анџелес?

Written By Unknown on 5.1.13 | 19:06

Брилијантната партија на Крис Пол во вториот дел од битката за Ел-Еј помеѓу Клиперс и Лејкерс синоќа, помагајќи му на својот тим да извојува голема победа не потсети на две работи: дека игра во животна форма и тоа го прави на начин како никогаш до сега и дека моментално е најдобриот играч во Лос Анџелес.

Пред неколку недели, Меџик Џонсон во разговор со „ESPN“ се запраша дали овој тим на ЛА Клиперс има силен финиш на натпреварите, т.е. дали може да го покаже своето право лице во клучните моменти, кога притисокот е најголем и кога еден потег може да го реши натпреварот. Склони сме да ги слушаме овие дискусии кои се однесуваат на тимови од шампионски калибар, но тимови кои што ја немаат докажано шампионската психа на победување. 

Оваа колумна ќе помине како турбо-фолк ритам низ ушето на секој фан на Клиперс, нема потреба да се зборува. Сепак зборуваме за тим кој што го има Крис Пол како играч на франшизата и ако стигна моментот да се запрашаме за егзекуцијата на овој тим во half-court офанзивата, тогаш треба да го отстраниме тронот „суперѕвезда“ од Крис Пол. 

Следејќи ја втората сезонска битка помеѓу Клиперс и Лејкерс синоќа можеме да го извлечеме фактот дека Крис Пол е еден од најдобрите half-court играчи што лигата воопшто има да ги понуди. Причината зошто Клиперс се воздигнуваа до високи водства на неколку пати во текот на мечот беше поради нивната "летечка", контра-напад игра, но причината за тоа што Клиперси на неколку пати ги одбиваа кам-бек обидите на Коби и Лејкерс беше Крис Пол. 

Ефективното завршување на нападите кај Клиперс малку опадна како што се наближуваше крајот на мечот, но кога и да требаше да се реализира клучен напад, Крис Пол беше првиот доброволен конкурент. Во такви ситации на сцена стапнуваат суперѕвездите. 

  • Кога Стив Неш погоди тројка што го скрати водството на Клиперс на само 4 поени (50-46), беше тоа Крис Пол кој му асистираше на Блејк Грифин двоктрано преку цепелин, каде што втората асистенција беше резултат на украдената топка на Пол. Потоа одигра изолација со Коби Брајант пред себе, изгледаше како Мојсеј кога го дели црвеното море на два дела со помош на својот killer crossover и го погоди скок-шутот на крајот на полувремето за да го врати водството повторно на 11 поени позитива за својот тим.
  • Koга започна второто полувреме и Лејкерс ги постигнаа првите 7 поени од 3/4, Крис Пол го повика својот број и веднаш по тајм-аутот го навлече Ворлд Пис на блокот на Грифин и го погоди скок шутот за да ја прекина серијата на Лејкерс.
  • И конечно, кога работите се зацврстија при крајот на натпреварот и Лејкерс за последен пат пробуваа да се вратат резултатски, Пол влезе во рекетот на Лејкерс и го изнуди шестиот фаул на Двајт Хауард. Ги погоди двете слободни фрлања, а еден напад подоцна уште еднаш со Брајант пред себе го погоди скок-шутот што стави точка на натпреварот. 
Клиперси не победија благорајќи на овие 3 секвенци од натпреварот, во некоја смисла и неколкуте промашувања на Крис Пол кон крајот на 3/4 ја исфорсираа последната секвенца, но сигурните одговори на Крис Пол не дозволија да Клиперси го изгубат водството во било кој дел од натпреварот. 

Крис Пол оваа сезона шутира значително помалку за разлика од минатата сезона, но со правење помалку тој всушност прави повеќе. Со своите плејмејкерски и лидерски способности тој го извлечува максимумот од дебелиот и атлетичниот ростер на својот тим. Дел Негро веќе нема потреба да му дозволи на Пол да го превземе натпреварот во half-court ситуациите, а знаеме дека Пол често го правеше тоа во неговите денови во Хорнетс и минатата сезона во Клиперс. Всушност, тој самиот себеси се става во ситуација да немора да го превзема натпреварот во свои раце. Ја има дарбата да се врати на стариот Крис Пол и да постигне клучни поени како против Лејкерс во петокот, но тие ситуации се се' поретки. 

Тоа е тајната за тоа како Клиперси дојдоа до ситуација да бидат најдобриот тим во Лос Анџелес. Без оглед на тоа што Коби Брајант игра неверојатна сезона, неговите Лејкерси имаат негативен биланс од 15-17, а за нивните слабости во играта нема потреба да зборуваме. Многумина веднаш ќе не осудат поради тврдењата во оваа колумна, но фактите не лажат. Крис Пол моментално е најдобриот играч во Лос Анџелес. 

0 comments:

Post a Comment