Home » , » Ражон Рондо :“Суспензијата не ме мачеше“

Ражон Рондо :“Суспензијата не ме мачеше“

Written By Anonymous on 5.12.12 | 19:41


Плејмејкерот на Бостон ќе се врати на теренот вечерва во мечот со Минесота по што доби казна од два натпревари неиграње поради тепачката со Хамфрис

По двата меча суспензија, плејот на Бостон, Ражон Рондо (26) вечерва ќе истрча на теренот во натпреварот со Минесота. Тој верува дека суспензијата ја доби поради туканицата со Хамфрис.

Дејвид Штерн и екипата одлучија да го казнат Рондо поради инцидентот со Бруклин, кога плејмејкерот на Селтикси почна да се турка со Хамфирс. Покрај тоа Рондо ја прекина серијата од +10 во натпревар и го остави Меџик Џонсон и натаму на првото место.

“Сакав да бидам со соиграчите, но казната е воведена според снимките, се беше јавно, за телевизијата и тогаш ми беа врзани рацете. Ја искористив оваа недела да соберам сила, да се одморам малку... Отидов и до Мексико на некој ден, но после се драго ми е што се враќам.“ - вели Рондо.

Новинарите се интересираа дали плејот на Бостон ја свати пораката на челниците на НБА лигата по суспензијата, а тој јасно одговори :

“Не“.

Плејмејкерот на Бостон истакна дека поради оваа казна поминал тешки моменти и дека не му беше сеедно што не можеше да игра за својот тим.

“Ми беше многу тешко. Ја сакам професијата, сакам да бидам со тимот и колегите, сакам кога заедно тренираме, патуваме со авион и кога се дружиме. Сега е се повторно на свое место и драго ми е поради тоа.“ - заврши Рондо.

0 comments:

Post a Comment