Home » , » Кид-Гилхрист од Бобкетси и Лилард од Блејзерси се избрани за руки играчи за месец ноември

Кид-Гилхрист од Бобкетси и Лилард од Блејзерси се избрани за руки играчи за месец ноември

Written By Anonymous on 6.12.12 | 21:50


Мајкл Кид-Гилхрист од Шарлот Бобкетс е избран за најдобар руки играч за месец Ноември во Источната Конференција додека истото признание за Западната Конференција му припадна на Демјан Лилард од Портланд Треилблејзерс. 

Кид-Гилхрист е единствениот руки играч кој е меѓу топ 10 во категориите поени (10, 9-петти), скокови (6.5- шести), асистенции (1.5- осми), украдени топки (1.2-четврти)и блокови (1.3-втор). На 10 Ноември портив Далас постигна рекордни за него во кариерата во НБА 25 поени и 12 скокови предводејќи ги Бобкетси до победа од 101-97.

Лилард ги предводи сите руки играчи во категориите поени (18.4), асистенции (5.9) и украдени топки (1.3). Лилард е првиот играч во НБА кој на своите први 3 натпревари во НБА постигнал најмалку 20 поени (последниот кој го направи тоа беше Грент Хил во 1994 година). Лилард постигна рекордни за него сезонава 28 поени (11-17 шут од поле) со 8 асистенции и 4 скокови во победата од 103-95 над Минесота на 23 Ноември.

Ова се најимпресивните партии од страна на двајцата руки играчи за месец Ноември:

Мајкл Кид-Гилхрист, Шарлот Бобкетс

3.11 @ Далас; 13 поени, 5 скокови, 4 украдени топки во поразот од 126-99
10.11 vs Далас; 25 поени, 12 скокови; победа од 101-97
19.11 vs Милвоки; 15 поени, 9 скокови и 4 асистенции во победата од 102-98
23.11 vs Атланта; 11 поени, 7 скокови, 2 украдени топки и 4 блока во поразот од 101-97

Демјан Лилард, Портланд Трејлблејзерс

31.10 vs ЛАЛ; 23 поени, 11 аситенции и 3 скокови во победата од 116-106
13.11 vs Сакраменто; 22 поени, 9 асистенции, 2 скока во победата од 103-86
16.11 vs Хјустон; 27 поени, 5 скока и 5 асистенции во победата од 119-117
23.11 vs Минесота; 28 поени, 8 асистенции, 4 скока во победата од 103-95
.

0 comments:

Post a Comment