Сепак од други извори се дознава дека има конфронтации меѓу ставовите на двете страни. Иако сопственикот Прохоров инсистира да најде тренер до крајот на сезоната, Ван Ганди не е спремен да го превземе тимот до почетокот на наредната сезона.
“Јас никогаш не коментирам за веќе зафатено работно место. Јас бев привремена опција. Се надевам дека П.Џ. Карлисимо ќе има одличен успех таму. Јас имам голема почит за него“ - изјави Ван Ганди.
Нетс го отпуштија Ејвери Џонсон во четвртокот, по учинокот од 14-14 во воведот на оваа сезона. П.Џ. Карлисимо го замени Џонсон привремено, а тимот го водеше првпат во петокот против Шарлот Бобкетс, кадешто Нетс до добија натпреварот со 97-81.
Според изворите од „ESPN“ во вторникот, Нетси изјавија дека Фил Џексон е нивен највисок приоритет како замена за Џонсон. Сепак, 67-годишниот Џексон беше спремен да го направи третото враќање во кариерата во Ноември, иако работата му припадна на крајот на Мајк Д’Антони.
Прохоров изјави дека сепак од менаџментот го поддржуваат Карлисимо и дека ќе покажат максимална поддршка, но доколку дојде до нужност, веќе се знае листата на потенцијални кандидати.
Како потенцијални идни тренери за Нетси се спомнуваат и имињата на Келвин Самсон (заменикот на Кевин МекХејл во Хјустон Рокетс), Нејт МекМилан (поранешниот тренер на Портланд Треил Блејзерс и асистент на Мајк Крижевски на Олимписките игри во Лондон), Мајк Данливи (поранешната звезда на Милвоки Бакс), Флип Саундерс (поранешниот тренер на Вашингтон Визардс).
Дури Мајк Данливи веќе постираше на својот Твитер:
“Јас сум од Бруклин. Да бидам тренер таму би било остварување на сонот“.
И додека целава оваа ситуација останува драматична, едно е сигурно: товарот и притисокот од управата ќе биде голем на кој и да ја добие оваа функција.
0 comments:
Post a Comment