Home » , » Клиперс го завршуваат Декември без пораз, трипл-дабл за Казнс во победата над Селтикс

Клиперс го завршуваат Декември без пораз, трипл-дабл за Казнс во победата над Селтикс

Written By Unknown on 31.12.12 | 12:46

Предновогодишната вечер во НБА лигата ни овозможи да проследиме 4 натпревари на програмата, а за одбележување беше 17. последователна победата на Клиперс со што го завршија месецот Декември без ниту еден пораз.


ЛА Клиперс 107 - 96 Јута Џез

Претходните 16 последователни победи Клиперси ги извојуваа на многу начини. Во некои натпревари имаа големи водства во текот на цел натпревар, во некои натпревари се враќаа од -19 негатива. Некогаш беа понесени од Ол-Стар играчите Крис Пол и Блејк Грифин, а пак некогаш и втората постава им носеше победа. Приказната во синоќешната победа над Јута Џез беше ветеранот Карон Батлер, кој погоди 6 тројки (5 од нив во 1/4) и на крајот заврши со 29 поени во само 25 минути. Блејк Грифин одигра само 26 минути, но проблемите со фаулите го задржија на само 7 поени и 7 скока. Позабележителни беа бројките на ДеАндре Џордан (14 поени, 6 скока и 3 блока), Крис Пол (19 поени, 9 асистенции и 5 украдени топки) и Џамал Крофорд исто така со 19 поени. 
Кај Џезерите најдобар натпревар одигра Ал Џеферсон, кој забележа 30 поени, 8 скока и 4 блокади. Но освен Ремди Фој (10 поени), никој од останатите стартери немаше повеќе од 9 поени. Солиден натпревар од клупата одиграа Гордон Хејворд со 16 поени и Дерик Фејворс со 11 поени и 7 скока. 
“Беше ова неверојатен месец за нас. Обично, кога победуваме во соблекувалнат скокаме еднаш или два пати. Денеска моравме да скокнеме 3-4 пати.“ - изјави тренерот Вини Дел Негро. 


Сакраменто Кингс 118 - 96 Бостон Селтикс

Тимот на Бостон Селтикс не игра добра кошарка во последно време. Имаат изгубено 6 од последните 8 натпревари и со овој пораз од Сакраменто нивниот рекорд падна за 2 победи под .500%. 
За нов пораз на Селтикс се погрижија Сакраменто Кингс, кои буквално ги понижија фаворитите на свој домашен терен. Ајзиа Томас беше најдобар кај Кингс, постигнувајќи 27 поени во 40 минути одиграни како стартер. Но, не беше само напорот на Томас доволен за победа на Сакраменто. ДеМаркус Казнс заврши со првиот трипл-дабл во својата кариера, забележувајќи 12 поени, 10 скока и 10 асистенции. Џон Салмонс на крајот имаше 23 поени и 6 скока, а Џејсон Томпсон исто така одигра солиден натпревар со 20 поени и 6 скока. 
Кај Селтикси најефикасен беше Кевин Гарнет, со постигнати 16 поени, 12 скока и 6 асистенции. 20 поени имаа Џејсон Тери и Пол Пирс, а Џеф Грин имаше 16 поени од клупата за резерви. 

Остнатите натпревари: 
Детроит Пистонс 96 - 94 Милвоки Бакс
Далас Маверикс 86 - 111 Сан Антонио Спарс

0 comments:

Post a Comment