Home » , » Без многу мислења, Фил Џексон е на врвот на листата на желби на Бруклин

Без многу мислења, Фил Џексон е на врвот на листата на желби на Бруклин

Written By Unknown on 30.12.12 | 19:35

Откако Бруклин го отпушти Ејвери Џонсон, тие со привремениот тренер П.Џ. Карлисимо имаат 2 победи во низа. Но, проблемот е што П.Џ. Карлисимо не е долготрајно решение за тоа кој ќе биде тренер на оваа франшиза. 

Генералниот менаџер Били Кинг сигурно е во потрага по тренер на својот тим, но овојпат не сака да згреши. И според целата јавност и сите шпекулации што излегуваат во неа, пензионираиот Фил Џексон е на врвот на листата на посакувани тренери за Нетси. Всушност, Џексон ги пополнува сите посакувања на Михаил Прохоров. Тој е победник, човек со голем карактер и секако дека ќе украде нешто од фамата во Њу Јорк, која што моментално е сконцентрирана кај Никси. Исто така, Фил Џексон кога дознал за идејата да биде тренер на Нетси, тој бил заинтригиран од таа идеја.

Има и неколку логички причини зошто Фил Џексон би ја прифатил тренерската работа во Бруклин: Со ростерот кој што го изгради Били Кинг, Џексон веднаш е шампионски претендент
со Нетс, a и овие играчи перфектно се совпаѓаат со "триаголникот" на Фил Џексон. 

0 comments:

Post a Comment