Home » , , » Монта Елис би се ставил во иста категорија со Двејн Вејд

Монта Елис би се ставил во иста категорија со Двејн Вејд

Written By Unknown on 30.12.12 | 19:50

Синоќа Милвоки извојува победа на домашен терен против шампионот Мајами Хит, ноќ во која Елис одигра одличен натпревар со 14 поени, 9 асистенции и 5 украдени топки. 

Монта шутираше многу. Да бидеме попрецизни, Елис кон противничкиот кош упати 18 шута, а погоди само 6. Но тоа е работата што Елис треба да ја работи за Бакс. Тој е бек кој постигнува поени. 

Но, во едно интервју пред натпреварот со Мајами, Монта Елис изјави дека се што има Двејн Вејд има и тој. Поточно, Елис би се ставил во иста категорија со ѕевздата на Мајами, Двејн Вејд.

“Единственото нешто што Вејд има повеќе од мене се 2 шампионски титули и многу повеќе победи.“ - вели Елис.

“Но кога зборуваме за играње кошарка, натпреварување секоја ноќ, на двата краја на теренот, мислам дека имаме слични способности.“ - додаде Монта Елис.

Останува на вас да процените дали овие играчи имаат сличности, се во иста категорија или попрецизно кој е подобар играч на теренот. Секако, реномето и искуството оди кај Двејн Вејд, но може да се каже дека Елис ги има способностите да му се спротивстави на Вејд. 

0 comments:

Post a Comment