Home » , » Дерик Роуз го обработи првиот спринтерски тренинг

Дерик Роуз го обработи првиот спринтерски тренинг

Written By Anonymous on 4.12.12 | 21:29



Суперѕвездата на Чикаго Булс прв пат по тешката повреда обработи комплетен тренинг со тимот на “Биковите“.

Прв пат по што на крајот од април оваа година ги повреди лигаментите на коленото, плејмејкерот на Чикаго, Дерик Роуз обработи спринтерски тренинг со тимот. Според зборовите на неговиот соиграч и репрезентативец на Франција, Џоаким Ноа, сјајниот Дерик Роуз од ден во ден е во се подобра форма и неговата рехабилитација оди според планот.

Тешката повреда на Д-Роуз ги остави Булси на цедило во плејофот кој не успеа да ја елиминира Филаделфија во првата рунда. Знаеше дека му престои една година пауза, а рехабилитацијата тече според планот.

“На теренот изгледа навистина добро, би рекол дека и така се чувствува. Дури, изгледа и повеќе од добро, одлично изгледа.“ - вели Ноа.

По тешката повреда која ја заработи на 28 април, Ди Роуз е опериран, а во текот на оваа сезона не одеше на гостувањата на својот тим. Според зборовите на Ноа иако Роуз е отсутен подолго време и натаму постијат моменти кога со поглед го бара на теренот. Со отсуството на плејмејкерот Булси тргнаа слабо оваа сезона.

“Мислам дека играме по систем топло-ладно. Секако дека отсуството на Роуз влиае. Не сме исти без него. Но баш тоа што го нема, ни помага на сите да сфатиме колку ни значи и колку навистина го сакаме кога е со нас. Самата свест за тоа дека тој е дел од нас ми дава мотивација да играм подобро. Се надевам дека ќе влеземе во плејоф и дека ќе може да ни помогне веднаш штом се врати. Одиме чекор по чекор.“ - смета Ноа.


Како и сите од Чикаго, така и Ноа верува дека Ди Роуз ќе се врати на теренот како истиот играч кој беше порано.

“Не ни се сомневам дека Роуз ќе се врати спремен. Знам како работи, го гледам колку се труди иако е повреден. Приклучувајќи ми се на тимот и играчите веројатно ќе биде појак од секогаш.“ - завршува Ноа.

Чикаго има скор моментален од 8 победи и 7 порази, а Дерик Роуз минатата сезона имаше просеци од 21.9 поени, 7.9 асистенции и 3.4 скока по натпревар.

0 comments:

Post a Comment