Home » , » Грент Хил го одигра 1000. натпревар во својата кариера

Грент Хил го одигра 1000. натпревар во својата кариера

Written By Unknown on 16.1.13 | 18:26

Кој би рекол? За играчиштето што по играта која ја покажуваше во раните фази од својата кариера требаше да биде играч на деценијата, но играчот кој потоа претрпе многу повреди дека ќе стигне до бројката од 1000 натпревари во својата кариера?

Но ете, се случи. Грент Хил синоќа го одигра својот илјадити натпревар во својата 18-годишна НБА кариера. Само 4 поени во 16 минути акција и не е некоја бројка што ја одбележува неговата кариера, но моменталната ситуација во која се наоѓа Хил на 40-годишна возраст објаснува многу. Последната од многуте повреди во неговата кариера, која ја заработи пред почетокот на оваа сезона, го чинеше Хил пропуштање на првите 3 месеци од оваа сезона, а се работеше за повреда во неговото колено. Хил потпиша едногодишен договор со Клиперс изминатото лето, добивајќи уште една шанса да го брка својот прв шампионски прстен во солиден претендент во западната конференција. 

Грент Хил беше голем проспект во раните 90' години и во 1994 година беше селектиран со третиот пик од страна на Детроит Пистонс. Својот ол-аруанд талент го покажа уште во својата руки сезона. Играше фантастично и сосема заслужено ја подели наградата за руки на годината со Џејсон Кид, исто така играч со светла иднина во тоа време. Хил во првите 5 сезони од својата кариера, кои ги одигра со Пистонс, покажуваше неверојатен талент, комплетиран со физичка сила и страшна желба за победување. Во сите од првите 5 сезони во Детроит беше редовен, постигнувајќи по 21 поен, плус 7 скока и околу 6 асистенции по натпревар. Но, знаејќи со какви повреди почна да се мачи, Пистонси не сакаа да ризикуваа и во 2000 година го трејдуваа во Орландо Меџик, тим со кој веднаш потпиша нов договор. Заедно со МекГрејди и Хорас Грент, Хил требаше да го превземе овој тим и да му го покаже патот до едно големо финале и титула. Но за жал, тоа никогаш не се случи...


Во првата сезона во Орландо, Хил одигра само 4 натпревари, во втората сезона 14, додека во третата сезона Хил присуствуваше на само 29 натпревари. Многумина можеби незнаат, но Грент Хил во 2003 година се бореше за живот, поради инфекцијата која ја здоби по операција на скршениот скочен зглоб. После тој кошмар за Хил, никој не очекуваше дека тој воопшто ќе заигра повторно кошарка, но желбата за игра кај Хил се истакна и тој во сезоната 2004/05 одигра рекордни во дресот на Орландо - 67 натпревари. Во таа сезона успеа и да консолидира со 20тина поени по натпревар, но експлозивноста и физичката предиспозиција што Хил ја имаше претходно, веќе никогаш не ја видовме повторно. Хил продолжи да пропушта натпревари во наредните 2 сезони во Меџик, а новите повреди на коленото и зглобовите повторно го мачеја. Во 2007 година во Орландо на навидок беше нова ѕвезда, па на "магичните" не им се даваа пари на ризик за нов договор со Хил, па како слободен играч во летото од 2007 година Хил потпиша повеќе-годишен договор со Феникс Санс, придружувајќи им се на Стив Неш и Амаре Стадемаер. 

Се знаеше што може да пружи и не се очекуваше ништо повеќе од Хил во своите доцни 30ти години во Санс, па како играч со споредна улога им потпомагаше на Неш и Стадемаер. Со помош на него, Санси првите две сезони не поминаа повеќе од втората рунда од плејофот, додека во последните 3 сезони Грент Хил не успеа да стигне ниту до постсезоната. 

Како што напоменавме, ланското лето го потпиша најверојатно последниот договор во својата кариера со Лос Анџелес Клиперс, тим во кој најверојатно ќе ја заврши својата кариера. Реални се шансите да Хил на крајот од својата кариера да му се израдува на своето прстенче - првенче, со оглед на тоа дека Клиперси оваа сезона играат одлично и ја одржуваат позицијата на врвот на западот, борејќи се со Оклахома. 

Клиперс синоќа извојуваа победа над Рокетс од 117-109 без нивната главна ѕвезда Крис Пол, што всушност беше 30тата победа во сезоната за нив. Грент Хил својот илјадити натпревар го прослави во знакот на победата, а кога ја стигна таа бројка им се придружи на големите играчи од неговата ера како Кевин Гарнет, Коби Брајант, Џејсон Кид, Стив Неш, Пол Пирс, Реј Ален и уште многу други легенди. Но за разлика од другите, никој не би рекол дека баш Грент Хил, човекот кој што повеќе се мачеше со повредите отколку со своите противници на теренот, ќе достигне до бројката од 1000 натпревари во својата кариера. Како и да е, СЕКОЈА ЧЕСТ МАЈСТОРЕ!

0 comments:

Post a Comment