Home » , » Стен Ван Ганди вели дека Хиберт сеуште не е конкурент за Хауард

Стен Ван Ганди вели дека Хиберт сеуште не е конкурент за Хауард

Written By Unknown on 4.6.13 | 18:42

Двајт Хауард штотуку ја заврши најлошата пост-сезона во својата кариера. Од друга страна пак, Рој Хиберт, прикажуваше одлични игри во плејофот за Индијана. 

Овие факти, заедно со други анти-Хауард изјави, го актуелизираше следното прашање: Кого би избрале на позицијата центар во својот тим, Рој Хиберт или Двајт Хауард?

Сепак Стен Ван Ганди, тренерот кој поради Хауард беше отпуштен од Орландо го изјави следното:

“Ве молам, тоа не е ни блиску до тешка одлука. Поставете го прашањето на 30 менаџери во лигата и дајте им го изборот. Дури и Индијана, кога би ја имале во предвид лојалноста, би се двоумеле, но би го одбрале Хиберт. Сите останати би го одбрале без двоумење Хауард. Јас разбирам, Рој Хиберт ја игра најдобрата кошарка во својата кариера, особено во сериите против Мајами во плејофот. Но вие треба да знаете дека во текот на регуларната сезона тој имаше околу 7 натпревари со скор од 20 поени и 10 скока. И одеднаш луѓето велат дека тој е најдобар. Неговиот просек во кариерата изнесува 11 поени по натпревар, не е прочуен скокач иако е еден од најдобрите дефанзивци во лигата. Сепак на офанзивниот крај на теренот тој не е ни блиску до совршен, кога би се земало во предвид дека тој игра против релативно нискиот тим на Мајами Хит и многу умешно го користи тоа. Пропратно на тоа, во досегашните натпревари, Крис Бош не игра на нивото на кое сме навикнати да го гледаме.“

Дури и со Хауард надвор од плејофот, тој сеуште има повеќе поени и скокови по натпревар и има повисок процент на поентирање од Хиберт во овогодинешниот плејоф. И покрај овие мали информации, доволно е да се знае дека пред неколку месеци, максималниот договор на Хиберт претставуваше огромен товар за Индијана. Од друга страна пак, Хауард, по најлошата сезона во кариерата, ќе има редици менаџери кои ќе му нудат максимален договор.

Очигледно е дека Хауард би требало да падне на многу пониска форма за Хибрет да го престигне.

0 comments:

Post a Comment