Home » , » Дурент :“Расел Вестбрук созреа како плејмејкер“

Дурент :“Расел Вестбрук созреа како плејмејкер“

Written By Anonymous on 30.11.12 | 22:31


Суперѕвездата на Оклахома е полн со пофални зборови за својот клупски колега.

Суперѕвездата на Оклахома, Кевин Дурент (24) е полн со пофални зборови за настапите на Расел Вестбрук во оваа сезона. Одличниот "Дурантула" смета дека неговиот колега од клубот и репрезентацијата ја подигнал својата игра на поглемо ниво и сега игра зрело и на ниво на најдобрите плејмејкери.

Не само Дурент ја приметил промената во настапите на Везбрук оваа сезона. Тој во претходните години за многу беше популарен како “Дивиот Рас“, играч кој го форсира шутот и не ги почитува соиграчите. Сепак оваа сезона младиот кошаркар не троши премнгу топки, а неговиот број на асистенции е видливо поправен во однос на минатата сезона, тоа се одразува на подобра игра на соиграчите од Оклахома Сити.

“Вестбрук игра одлично. Го успори ритамот. Чува енергија и го штеди своето време на тернот. Тоа е нормална појава. Како созревате во НБА лигата, играта станува поспора за вас. Почнувата да увидвате некои работи многу порано отколку порано. Тоа му се случува нему, тој почнува да ги увидува своите грешки“ - изјави одличниот Дурент кој оваа сезона се наоѓа на врвот на МВП трката со просек од 26.3 поени и 9.1 скок по натпревар.

“Сега, ги проигрува сите по ред, дели аситенции. Свесно жртува некои шутеви како би ја разиграл екипата. Тоа е онаа што го работат најдобите плејмејкери. Еднинствено што можам да кажам на сметка на неговата игра е тоа дека тој игра феноменално“ - додаде Дурент.

Дека крилото на Тандер е во право тоа го потвдуваат и бројките на Вестбрук. Младиот плејмејкер на Оклахома моментално бележи просек од 20,7 поени по меч што е за 3 коша послабо од неговиот минатогодишен просек, но тоа сепак му е доволно да се најде на 8-то место на најдобрите стрелци во лигата. Меѓутоа кога станува збор за асистенции тој има повеќе од лани. Тој моментално има просек од 8.6 успешни проигрувања, а мината година имаше просек од 5,5 асистенции по натпревар. По бројот на успешни асистенции Вестбрук се наоѓа на шестото место во лигата.

0 comments:

Post a Comment