Home » , » Џејмс на 18 поени од нов рекорд

Џејмс на 18 поени од нов рекорд

Written By Anonymous on 16.1.13 | 17:44


ЛеБрон Џејмс се наоѓа на само 18 поени од поставување на нов рекорд во НБА лигата, како најмлад играч кој постигнал 20.000 поени во својата кариера.

Џејмс беше најмлад руки играч на годината, најмлад играч кој поставил трипл-дабл учинок, најмлад кој постигнал 1.000 и 10.000 поени, па и најмлад учесник на Ол-Стар натпреварот и МВП на сезоната.

До новиот рекорд Џејмс би требало да стигне утре кога Мајами Хит му гостува на Голден Стејт.

Џејмс ќе го собори рекордот на Коби Брајант кој до 20.000 поени стигна со 29 години и 122 дена. ЛеБрон во утре ќе има точно 28 години и 17 дена.

Покрај Брајант, само Вилт Чемберлејн (29 години и 134 дена) и Мајкл Џордан (29 години и 326 дена) се играчите кој стигнале до овој јубилеј пред 30-тата година од животот.

“Кога ќе видам колку играчи низ историјата ја поминале оваа лига, а само колку од нив дале над 20.000 поени, гледам дека е огромно нешто. Огромно. Нема да се кријам од тоа, не сум човек кој индивидуално ја брка статистиката, но е голема работа“- вели Џејмс.

0 comments:

Post a Comment