Home » , , , , » 1995 година, Џордан се враќа!

1995 година, Џордан се враќа!

Written By Unknown on 16.3.13 | 14:40

tumblr_msleq0v2WG1qzd0p8o1_5006


Сезоната 1994-95 Чикаго Булси ја почнаа во новата Јунајтед арена, но Мајкл Џордан беше само спомен.


Скоти Пипен сега беше лидер на тимот, ѕвезда, Ол Стар играч и играч во првата петторка на лигата. Исто така беше лидер во лигата по украдени топки (2.9), и исто така беше во најдобрите стрелци со просек од 21.4 поени, 12 најдобар. Во скоковите исто така беше добар бележеше 8.1 скок и беше 23ти во таа категорија. Тони Кукоч влезе во стартната петторка и таа сезона бележеше 15.7 поени, 5.4 скока и 4.6 асистенции. Пипен и Кукоч беа феноменално дуо.

Но, Булси подоцна во истата година станаа уште посилни. Џордан, кој не бележеше некој поголем успех во бејзболот, сфати колку му недостига кошарката. Па, на 18. март, по месечни шпекулации, Џордан се врати со кратка изјава “I'm back“, и им се придружи на Булси. Тоа враќање беше запамтено како најголемо враќање на една легенда во историјата на НБА лигата.

И покрај тоа што не беше истиот играч кој ја напушти НБА во 1993 година, пет натпревари после неговото враќање покажа дека и натаму е тој играч што рушеше се пред себе. Следеше натпревар со Никси, а Булси требаа да гостуваат во Медисон Сквер Гарденот, познатата сала на Њу Јорк Никси. Џордан на тој натпревар беше незапирлив, постигна 55 поени. Да, на тој датум (29. март, 1995 година). Како шлаг на тортата на тој натпревар асистираше за победа, на Бил Венингтон за лесно забивање.

Во 17 натпревари подоцна таа сезона, Џордан бележеше 26.9 поени, 6.9 скока и 5.3 асистенции, но во плејофот Булси не успеаа да направат нешто поголемо. Сепак, следните 3 сезони Булси повторно ќе се на врвот.

 

0 comments:

Post a Comment