Home » , » Реј Ален: “На тренинг можам да дадам 70 тројки по ред“

Реј Ален: “На тренинг можам да дадам 70 тројки по ред“

Written By Anonymous on 16.3.13 | 14:59


Искусниот бек шутер на Мајами Хит, Реј Ален (37) изјави дека на тренинзите може да шутира, практично, од утро до мрак. Тој додаде дека не се оптереува премногу кога ќе промаши некој важен шут, и открива дека пораснал заедно со својот сегашен соиграч Марио Чалмерс...

Кога последен пат заплака поради кошарката?

“Тоа беше во 4 натпревар од финалето со Лејкерси. Губевме 24 разлика, но се вративме и победивме. Тоа беа солзи радосници, поврзани со неверојатната возбуда. Тој натпревар ме истошти максимално, го исцрпи сето она што го имав. Го оставив срцето на паркетот. Бев исушен. Се сеќавам, бевме толку блиску до поразот, но некако успеавме да победиме, сето тоа беше неверојатно. Вредеше на крајот.“

Колку тројки можеш да погодиш по ред?

“Можам да шутирам до бесвест. Сигурно над 70.“

Дали ги чувствуваш своите години на теренот?

“Тоа најмногу го чувствувам. Прв пат кога ќе излезам на теренот секој ден, чувстувам дека телото ми се однесува поинаку. После се ќе биде нормално, но тоа прво излегување некако е поинаку. Се сеќавам, кога имав 23 години, на загревање правев се што ќе посакав, се размрдував. Сега на теренот прв ги чувствувам зглобовите и коските.“

Дали пости нешто што твојата сопруга знае за тебе, а тоа другите да не го разибраат?

“Таа знае и разбира дека сум тивок и повлечен. Ми дозволува да бидам тивок. Таа знае кога ќе имам нешто на ума, да и кажам слободно, затоа што секогаш и кажувам се. Таа на моето чутење не гледа како да е тоа нешто ненормално, и не мисли дека сум лут на неа. Таа знае дека ми е потребен простор, дека сум имал лош тренинг или лош меч. Тогаш морам ја затворам устата затоа што ако и се обратам додека имам проблем ќе се створи проблем кои ќе не можам ни сам да го решам.“

Дали постои нешто врзано за кошарката што денес го разбираш подобро отколку пред 15 години?

“Да, истегнувањето. Мислам дека играчот може да биде активен и одличен цели 20 сезони доколку внимава на своето тело. Секојдневно се истегнувам по 3 пати на ден, сето тоа трае околу 20-25 минути по истегнување.“

Дали имаш некоја своја филозофија по која што живееш?

“Мојата поговорка е: доколку бродот нема да дојде по тебе, скокни во морето и отпливај до него.“

Дали постои некој твој промашен шут кој не ти давал мир и поради кој не си можел да спиеш некое време?

“Искрено, нема таков шит. Јас никогаш не сум ја гледал и доживувал кошарката на тој начин. Не постои некое промашување кое сега ми станува ноќна мора. Јас на сето тоа гледам вака: прави онака како што си направен.“

Дали понекогаш им замеруваш на луѓето кои мислат дека од Бога шутер?

“Им замерувам. Јас не сум шутер од Бога. Бог не гледа дали јас ќе погодам скок шут или не. Тој ми дал можност ова да го работам, не да шутирам. И јас тоа го работам. Секој ден, секој час, јас напорно работам и вежбам. Да сум очаен шутер, јас би работел толку многу се додека не станам совршен.“

Кога ќе ја завршиш кариерата, на што си најмногу горд?

“Најгорд сум на тоа што ме почитуваат другите кошаркари. Луѓето никогаш нема да признаат, но кога бев млад, луѓето ми даваа пари само за да шутирам. Мислам, сето тоа беше ситница, но би сакал тоа почесто да се случуваше. Свесен сум дека моето време поминута и дека на тие моменти треба да бидам горд на себе. Еден ден, сето тоа ќе биде спомен.“

Дали некој те вика по своето правилно име - Волтер?

“Да, ме викаат. Пријателите од детството, роднините и сега Крис Бош. Навистина не знам поради што ме вика така Бош.“

Дали постoи нешто што луѓето не го знаат за ЛеБрон?

“ЛеБрон е човек кој дели се. Повеќе од било кој друг. Не само во кошаркарска смисла. И надвор од теренот е таков. Секогаш нешто ви поклонува. Одличен е.“

Три работи кои луѓето не ги знаат за играчите на Мајами?

“Двејн Вејд не јаде зеленчук. Ниту една врста. Не јаде грашак, спанаќ, салата...Не јаде ништо од тоа. Крис Андерсен на телото има само едно тетоважа. Да, звучи неверојатно, но она што го има на телото е една тетоважа. Марио Чалмерс и јас пораснавме заедно. Го познавам откако се роди. Неговиот татко и мојот татко заедно оделе во војска.“

Играч во кој најмногу си имал доверба во кариерата?

“Сем Касел.“

Најљубезен играч кој си го запознал?

“Еди Хаус.“

0 comments:

Post a Comment