Home » , » Херојството на Ајзеа Томас

Херојството на Ајзеа Томас

Written By Anonymous on 16.3.13 | 11:45

Финалето од 1988. година ќе биде запамтено како година кога бранителот на титулата вети дека повторно титулата ќе дојде во нивните раце. Ова важеше за Лејкерси.

Но, покрај тоа, се случи нешто што никогаш нема да биде заборавено во 6. натпревар од финалето. Со два збора АЈЗЕА ТОМАС.

И покрај тоа што Лејкерси победија со 103-102 (во 7. натпревар победија повторно и ја одбранија титулата), моментот од натпреварот му припадна на Ајзеа Томас.

Пистонси заостануваа со 56-48 на почетокот на 3/4 од натпреварот кога Томас ги постигна 14 поени по ред за својот тим на различни начини: 2 од слободни, 5 по офанзивен скок, 3 скок шута, шут за три, и лесно полагање.

По малку време, Ајзеа во еден контра напад ја додаде топката до Џо Думаср кој постигна лесни поени, но Ајзеа згазна на ногата на Мајкл Купер и како покосен падна на паркетот. Се обиде да стане, но беше невозможно.

Но, и покрај тешката повреда на зглобот Ајзеа се врати 35 секунди по повредата и продолжи да игра неверојатно. На крајот од 3/4 од натпреварот имаше шут 11/13 од поле и постгина 25 поени, и така постави НБА рекорд на постигнати поени во една четвртина во Финалето. Подобро од тоа беше тоа што со шут со една рака му донесе водство на својот тим од 81-79.

И покрај тоа, Пистонси го загубија 6. натпревар од Финалето, но овој натпревар секако ќе се памти по херојството на Ајзеа Томас. Тој се жртвуваше на својот тим. Натпреварот го заврши со 43 поени, 8 асистенции, 6 украдени топки, и респект и почит од навивачите до крајот на животот.

“Ајзеа ни приреди шоу, иако беше повреден. Не врати во игра. Во нападот, не му дававме поддршка како што сакав јас. Ние бевме на 45 секунди до титулата. Што можам да ви кажам?“

рече Чак Дејли по натпреварот.

“Тоа што го направи Ајзеа во второто полувреме беше неверојатно“,

се сложи тренерот на Лејкерси Пет Рајли.

Долгогодишниот плејмејкер на Лејкерси, Меџик,  не остана без збор и рече:

“Беше незапирлив. Мислам дека рече, ’Добро, ќе ја преземам играта.’ Го имам видено тоа кај него. Беше во ритам. Даваше поени, правеше се што треба. тоа значи дека е во ритам. А да си во ритам значи да си спремен.“


0 comments:

Post a Comment