Home » , » Лејкерси можат да воздивнат, повредата на Брајант не е сериозна

Лејкерси можат да воздивнат, повредата на Брајант не е сериозна

Written By Anonymous on 15.3.13 | 13:12


Најдобриот кошаркар на Л.А Лејкерс, Коби Брајант се повреди на вчерашниот натпревар со Атланта, но за голема среќа на Лејкерси и навивачите на тимот од Калифорнија суперѕвездата брзо ќе се врати на теренот.

Брајант го повреди левиот зглоб во последните моменти на натпреварот со Хокси, а после натпреварот го обвини Данте Џонс, поради начинот на кој играл одбрана.

Иако во првите моменти се шпекулираше дека Коби ќе мора да паузира подолго време, информациите велат дека Брајант ќе пропушти еден или два натпревари, односно ќе биде во тимот за време на одлучувачките натпревари во плејофот.

0 comments:

Post a Comment