Home » , » Стеф Кари: “Новите дресови со ракави се грди“

Стеф Кари: “Новите дресови со ракави се грди“

Written By Anonymous on 18.3.13 | 14:09


Новите дресови на Голден Стејт, со ракави, подигнаа многу прашина во НБА лигата. Во главно, челните луѓе на тимот беа задоволни од овие дресвои, но тогаш се јави Стеф Кари. За организаторот на игра од тимот од Оракл Арената новите дресови со ракави, се многу грди.

Пред Стеф Кари за новите дресови убави зборови даде крилото на тимот Харисон Барнс. Меѓутоа, плејмејкерот на “Воините“ не се слага со својот соиграч.

“За нас сега предстои тешка задача, мораме од меч во меч да влегуваме максимално сериозно, а секој нареден натпревар за нас има големо значење“,

смета Кари кој не е задоволен со фактот што Вориорс загубија 13 од последните 20 натпревари, по одличниот старт и учинок од 30-17. По ова, Кари се сврте кон новите дресови за кои нема добро мислење.

“Знам дека можеби не би требало да зборувам за ова, но свесен сум дека се крена голема прашина поради нив. И сега не пренесуваат на сите телевизии на скоро секој меч, во моментите кога ни треба концентрација. Ние сакаме да направиме шоу за навивачите. Наместо тоа, на навивачите им даваме да ја гледаат нашата игра со новите дресови со ракави, кој се донакаде грди, а резултатот се ни зборува“,

смета Кари.

0 comments:

Post a Comment