Home » , » Кенјон Мартин: “Сакам Клиперси да го загубат секој преостанат натпревар“

Кенјон Мартин: “Сакам Клиперси да го загубат секој преостанат натпревар“

Written By Anonymous on 18.3.13 | 14:15


По што во првиот дел од сезоната беше слободен играч, Кенјон Мартин по два десетдневни договоа, потпиша со Никси до крајот на сезоната. Тоа се случи пред гостувањето во Л.А., кај Клиперси, тимот во кој Мартин ја играше минатата сезона.

Изгледа дика Клиперси и искусниот крилен центар не развиле пријателски однос, ова може да се заклучи според неговите изјави. Кога пред натпреварот со Клиперс е прашан за тимот во кои ја играше минатата сезона, Мартин брзо ја тргна насмевката од своето лице и рече дека тој тим не го интересира.

“Да ви бидам искрен, не ми е гајле за нив. Сакам да го загубат секој натпревар. Тие можат својата атракција да ја изведуваат во текот на целата сезона, но во плејофот тоа не оди. Така да, не ми е битно тоа што го прават. Регуларната сезона е полна со подеми и падови. Усвари, сите знаат како функционира регуларната сезона, додека плејофот е друга приказна, приказна во која не се наоѓаат тие“,

уверен е 35-годишниот играч на Никс. На последното прашање на новинарите од тоа дали имало “зла крв“ помеѓу него и Клиперс, кратко одговори: “Следното прашање!“

0 comments:

Post a Comment