Home » , » Дени Ејнџ е воудушевен од Џеф Грин

Дени Ејнџ е воудушевен од Џеф Грин

Written By Anonymous on 20.3.13 | 22:03


Тимот на Мајами ја продолжи својата победничка низа по триумфот на Бостон во ТД Гарден со резултат од 105-103, но на тој меч фантастичен перформанс пружи крилниот играч на Келтите, Џеф Грин. Поранешниот член на Оклахома Сити Тандер постави рекорд во кариерата, постигнувајќи дури 43 поени.

Секако дека ова ги воудушеви навивачите, но она што е многу значајно за него е тоа дека генералниот менаџер на тимот е задовлен од него. Имено, директорот на кошаркарските операции е уверен дека Џеф Грин во наредните години ќе биде стуб на тимот.

“Во последните 25, 30 натпревари Џеф Грин игра навистина фантастично. Секако, јас не очекувам секој натпревар да го игра како со Мајами. Јасно е дека не може играч да бележи на секој натпревар по 43 поени, 7 скока и 4 блока. Тоа се чести случаи. Сепак, тој покажа дека е спремен за големи дела“,

смета Ејнџ кој во текот на оваа сезона во неколку наврати зборуваше за реорганизација на Бостон и подмладување на играчкиот кадар.

“Меѓутоа, ова е спорт и природата е таква да бара победници. Џеф Грин можеби не е ЛеБрон Џејмс, Кевин Дурант или Лери Брд, но е одличен играч, одличен кошаркар и важен дел за нашиот тим. Мислам дека како што поминува времето тој ќе станува се подобар и подобар. За сега не очекуваме Грин да дава секоја вечер по 30 поени. Не мора ни 25. Но, тој има потенцијал да стане глава на оваа франшиза. Сакаме тој и Бредли да ја предводат новата генерација на Бостон која тек треба да се формира“,

рече Ејнџ. Иначе, Џеф Грин ја пропушти минатата цела сезона поради операција на срцето. Во текот на оваа сезона игра одлично, шансата ја добива воглавно од клупата и просечно бележи 11.7 поени со 3.5 скока по натпревар. На паркетот поминува околу 26 минути.

0 comments:

Post a Comment