Home » , » Пол Џорџ: “Учев од Коби, затоа напредував“

Пол Џорџ: “Учев од Коби, затоа напредував“

Written By Anonymous on 19.3.13 | 14:32


Кошаркарот на Индијана Пејсерс Пол Џорџ експлодира оваа сезона. Сјајниот играч неочекувано доби голема минутажа поради повредата на Дени Грејнџер, но овој играч апсолутно ја оправда довербата која му ја даде тренерот Френк Вогел. Џорџ одигра неверојатно и поради тоа, играше на Ол Старот.

Како што вели самиот тој, во текот на минатото ги користел триковите на Коби Брајант, кој му, според него, во голема мерка му помогнале да ја унапреди својата игра.

“Станував многу рано, одев на тренинзи. Ги користев финтите на Коби. Во текот на летото се активирав максимално, сакав да бидам спремен. Пред секој тренинг доаѓав на теренот и шутирав по 300, 400 пати. Секој ден.“

вели Пол Џорџ кој во НБА лигата стигна во 2010. година како 10. пик. Поранешниот студент на универзитетот Фресно Стејт никогаш не го крише тоа дека од мали нозе е импресиониран од Коби.

“Имав среќа да бидам покрај Коби Брајант и Брајан Шоу. Токму тој помошен тренер ми го откри начинот на кој Коби се спрема за секоја наредна сезона. Пораснав во Л.А, од мали нозе Коби беше за мене како Бог, и мислам дека тоа е клучот за мојата игра“,

вели Џорџ кој оваа сезона бележи 17.6 поени, фаќа по 7.9 скока и дели по 4.1 асистенција.

0 comments:

Post a Comment