Home » , » Сезоната за Бајнам е завршена!

Сезоната за Бајнам е завршена!

Written By Anonymous on 19.3.13 | 14:24


Официјално е завршена една од најдолгите овосезонски НБА саги. Центарот на Филаделфија Ендру Бајнам закажа артостропската операција на двете колена и ќе го пропушти остатокот од сезоната. 

Додуша, тоа не му значи многу на тимот на Сиксерс со обзир дека до крајот на сезоната има уште точно месец дена, а нивниот центар не одигра ниту еден натпревар оваа сезона.

“По месец дена рехабилитација и консултации со многу стручњаци, Ендру и докторите се договорија да направат операција. Мислам дека тоа е најдобро решение во овој момент. Ние ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата со нашиот центар“,

рече ГМ Тони Дилео. Артостропската операција на колената на Бајнам ќе ја предводи Дејвид Алчек, од клиника за специјални операции во Њу Јорк. Со овој зафат ќе проба да тргне мал дел од коленото и да ја укине болката.

Тимот на тренерот Даг Колинс се наоѓа моментално на 9. место на Истокот со 26 победи и 40 порази, а мали се шансите за плејофот. По многумина, причина за слабата сезона на Филаделфија е повредата на Бајнам.

0 comments:

Post a Comment