Home » , » Стефан Кари не е само одличен шутер

Стефан Кари не е само одличен шутер

Written By Unknown on 9.3.13 | 19:18


Зачудувачкиот настап на Кари против Њу Јорк со постигнати 54 поени и со импресивни 11 од 13 зад линијата за 3 поени ги поттикна многу критичари да коментираат и да напишат нешто за него.

Крис Малин е легенда во НБА Лигата кој има изиграно 807 натпревари за Голден Стејт Вориорс. Кари во неговата кариера има постигнато 41 тројка помалку од Малин во униформата на Вориорс.

Неговиот таткo Дел Кари, кој е најдобриот поентер на Хорнетси изјави дека неговиот син е експерт зад линијата за 3 поени.

“Реј Ален и Кајл Корвер исто така играат добра сезона, но сепак мислам дека син ми е подобар од нив, бидејќи не само што е добар за шутирање на тројки, туку има и многу други атрибути што ги збунуваат дефанзивците.“ - изјави постариот Кари.

Еве што изјавија неговите колеги за Стеф:

Клеј Томпсон: “Тој е одличен лидер. Исто така е добар и во одбраната. Тој работеше многу напорно ова лето и неговата игра во одбраната стана многу подобра. Тој не е само добар шутер туку е и добар поентер воопшто. Тој не е само добар додавач туку е и добар плејмејкер...“

Харисон Барнс: “Тој е најверојатно еден од најскромните ѕвезди што сум ги видел. Тој е многу тивок, повлечен, но тој врши добра работа на паркетот. Тој е на исто ниво како и другите елитни плејмеркери кои ги чува.“ 

Кари ја игра неговата најдобра сезона годинава. Тој забележува по 22.1 поени, 6.7 асистенции, 4 скокови и 1.7 украдени топки по наптревар. Кари изјави дека негова цел оваа сезона е да се поправи во одбраната. Неговата добра игра во одбраната се докажа со тоа што во првите 2 месеци од сезоната Голден Стејт беа едни од тимовите кои ја играа најдобрата одбрана во НБА лигата.

0 comments:

Post a Comment