Home » , » Видео: Коби, како во старите добри денови

Видео: Коби, како во старите добри денови

Written By Unknown on 9.3.13 | 19:28

Коби Брајант со вчерашната партија стана првиот играч во историјата на НБА по легендарниот Џордан во 1989. година кој успеал да постигне +40 поени и +10 асистенции во два натпревари по ред.

Покрај новиот рекорд на Коби кој веќе го спомнавме, тој успеа на својот тим да му донесе продолжетоци при негатива од 5 разлика на 1:44 до крајот, кога успеа да погоди тројка со звукот на сирената од не баш лесна позиција, за потоа на 30 секунди до крајот на негатива од 4 поени да погоди уште една тројка, од аголот на игралиштето.


По ова, Репторси погодија за два поени, но Коби не кажа НЕ. На 8.4 секунди до крајот при негатива од 3 поени тој успеа да погоди повторно тројка и да го крене цел Стејплс Центар на нозе, воедно да ги одведе и Лејкерси во продолжение.

Продолжението од 5 минути не донесе некаква промена, изедначен резултат до самиот крај. Коби на 14.1 секунда до крајот превзема се во свои раце и да забива како во старите добри времиња, за 117-115 за Лејкерс на 10.6 секунди до крајот.

На 7.5 до крајот на продолжението, Андерсон имаше две слободни, но успеа да погоди само едно и за на 6.6 до крајот Стив Неш да ги постави конечните ЛЕЈКЕРС 118-116 ТОРОНТО, од слободни фрлања.

0 comments:

Post a Comment