Home » , » Куардабл-даблот на Дејвид Робинсон

Куардабл-даблот на Дејвид Робинсон

Written By Anonymous on 10.3.13 | 17:41

Тогашниот натпревар помеѓу Детроит и Сан Антонио се одигра во Тексас, или едноставно во Сан Антонио на 17. февруари 1994. година. Дејвид Робинсон во таа 1994. година бележеше највисоки во кариерата за него 29.8 поени, 10.7 скока и 3.3 блокади по натпревар. Но сепак, пред натпреварот никој не очекуваше да биде еден од најдобрите во кариерата за Дејвид.

Пистонси во Тексас беа поразени со резултат од 115-96, а Дејвид Робинсон натпреварот го заврши со 34 поени, 10 асистенции, 10 скока и 10 блокирани шутеви. Сето тоа го направи за 43 минути поминати на паркетот. 19451 гледачи беа сведоци на последниот куардабл-дабл во НБА лигата. После него никој не успеа да го повтори тоа.

Дејвид Робинсон е еден од 4 играчи во историјата на НБА лигата кој успеале да остварат ваков учинок. Трите останати играчи се Нејт Трумонд, Хаким Олајџуван и Алвин Робертсон.

Дејвид Робертсон ќе остане запаметен како еден од најдобрите играчи во историјата на НБА лигата, а овој куардабл-дабл е само едно од оние големи дела на теренот кој ги направил овој центар на Сан Антонио Спарси.

 
Бокс скорот можете да го погледнете овде.

0 comments:

Post a Comment