Home » , , , » Куардапл-даблот на Дејвид Робинсон

Куардапл-даблот на Дејвид Робинсон

Written By Unknown on 10.3.13 | 17:41

f0453-david-robinson-608-070611


Тогашниот натпревар помеѓу Детроит и Сан Антонио се одигра во Тексас, Сан Антонио на 17. февруари 1994 година. Дејвид Робинсон во таа сезона бележеше највисоки во кариерата за него 29.8 поени, 10.7 скока и 3.3 блока по натпревар. Но сепак, пред натпреварот никој не очекуваше да биде еден од најдобрите во кариерата за Дејвид.


Пистонси во Тексас беа поразени со резултат од 115-96, а Дејвид Робинсон натпреварот го заврши со 34 поени, 10 асистенции, 10 скока и 10 блокирани шутеви. Сето тоа го направи за 43 минути поминати на паркетот. 19451 гледачи беа сведоци на последниот куардабл-дабл во НБА лигата. После него никој не успеа да го повтори тоа.

Дејвид Робинсон е еден од 4 играчи во историјата на НБА лигата кој успеале да остварат ваков учинок. Трите останати играчи се Нејт Трумонд, Хаким Олајџуван и Алвин Робертсон.

Дејвид Робертсон ќе остане запаметен како еден од најдобрите играчи во историјата на НБА лигата, а овој куардабл-дабл е само едно од оние големи дела на теренот кој ги направил овој центар на Сан Антонио Спарси.

0 comments:

Post a Comment