Home » , » Меџик Џонсон: “Коби е најсличен на Мајкл Џордан“

Меџик Џонсон: “Коби е најсличен на Мајкл Џордан“

Written By Anonymous on 14.4.13 | 18:35


Ако некој знае што е кошаркарска величина и на тој начин го познава Мајкл Џордан, тогаш тој човек е Ирвин “Меџик“ Џонсон. Легендарниот играч на Лејкерси и големиот ривал на Џордан, му оддаде големо признание на неодамна повредениот Коби Брајант, така што преку “Twitter“ го спореди со Џордан, според многумина најдобриот кошаркар на сите времиња.

“Коби е играч што е најсличен на Мајкл Џордан кој некогаш сум го видел“ - напиша Меџик на својот “Twitter“ профил.

Човекот кој со Џордан ја делеше соблекувалната во текот на ОИ во Барселона во 1992. година како член на Дрим Тимот, додаде во следниот твит дека во својата кариера играл со двајца големи играчи, на кој посебно им се истакнувала менталитетоста, а исто така дека во последните 17 години го гледал ист тој менталитет на “војник“ низ ликот и делото на Коби Брајант.

“Играв против Лери и Мајкл, момци со посебни воени менталитети. Во текот на последните 17. години го гледав Коби Брајант како игра со тој ист жар“ - додаде денес одличниот НБА аналитичар.

Тој низ неколку емисии каде што гостуваше истакнуваше дека Коби направил се исто како и Ем Џеј. Освојувал титули, имал големи моменти, погодувал големи шутеви, играл низ кариерата со големи повреди и еднакво ја сакал победата.

0 comments:

Post a Comment