Home » , » Коби Брајант ја отвори душата: “Ова веројатно е крајот“

Коби Брајант ја отвори душата: “Ова веројатно е крајот“

Written By Anonymous on 13.4.13 | 18:57


Страшен малер ја фати “Црната Мамба“. Толку страшен, практично што сега е црна целата екипа на Лејкерс. По тешката повреда која ја здоби против Голден Стејт, Брајант вели дека можеби се наоѓа и пред крајот на кариерата.

По сите овие шпекулации дека Коби конечно ќе ја заврши кариерата, можеби тој крај дојде сосема неочекувано. На само 3 минути пред крајот во натпреварот против Голден Стејт, тетивата на Коби пукна. Кошаркарот потврди дека поминува низ најтешките моменти во својата кариера. А потоа, душата ја отвори и преку “Facebook“.

“Не е можно. Цел мој тренинг, се што жртвував за да сум овде, за да стигнам овде, исчезна... Исчезна во еден чекор. И тоа во оној ист чекор кој пред тоа го имам направено милион пати. На дното сум! Што се случи по ѓаволите? Сето ова, за мене нема никаква смисла.“ 

“Што треба да направам сега? Да се вратам по сето ова и да станам уште подобар? Во 35тата година од животот? Се прашува ли некој дали е ова возможно?
“Воопшто немам поим, немам идеја. Имам ли сила и волја да го преживеам сето ова? Можеби би требало да го завршам овој кошмар и да почнувам полека да одам кон крајот? Можеби мојата книга вака ќе заврши. Можеби времето победи...а можеби и не!“

“Сега е 03.30 наутро. Стапалото ми е во ужасна состојба. Ми се врти. Лежам буден. Добро е чувството дека можам вака да се испразнам. Можеби во тоа е финтата на друштвените мрежи. Сега гледам се од прав агол. Постојат многу полоши работи од повредената тетива. Престани да се жалиш самиот себе, пронајди го светлото на крајот на тунелот. Мораш да продолжиш со онаа иста вера и истрајност како и до сега“ - 

“Еден ден, за мене ќе почне некоја нова кариера. Но, ова не е тој ден. ’Ако ме видите во борба со мечка, молете се за мечката’. Одсекогаш сум го сакал овој цитат. Ова е тој “Мамба“ менталитет. Ние не бегаме, ние не се предаваме. Ние победуваме и освојуваме. Знам дека ова е предолг статус, но разберете ме, морам да ја отворам душата. Можеби по ова, конечно ќе можам да заспијам.“

“Утре ме очекува операција. Тоа е првиот чекор кон новиот предизвик. Изгледа дека до крајот на сезоната ќе бидам ’Тренерот Коби’. Имам вера, верувам во моите соиграчи. Ќе се снајдат тие. Ви благодарам на поддршката. Со љубов. Мамбата се одјавува“

напиша Коби Брајант на својата “Facebook“ страница.

3 comments:

  1. totalno pogresen prevod...:)

    ReplyDelete
    Replies
    1. ова Брајант го напиша на својата ФБ страница...

      Delete