Home » » Најголем меѓу великаните: Бил Расел

Најголем меѓу великаните: Бил Расел

Written By Anonymous on 17.4.13 | 16:28


На прв поглед оштрите црти на неговото лице наговестуваат впечаток на човек преполн со тага... Неговата кадрава коса и благо накосените очи се само тука да го надополнат тој впечаток... Телото извајано во стилот на антиичките склуптори и висината од 206 цантиметри одблиску ја објаснуваат неговата слика, за човекот кој носи посебна харизма: најголем меѓу великаните.

Беше тоа пред долго време, се играше друга игра, но она што останува вечно се медалјите и имињата на вистинските шампиони. Во далечната 1939. година на 12 февруари во местото Западен Монро, недалеку до државата Луизијана, ништо не мирисаше на среќно време. Ккао и секаде низ светот, мирисот на Втората Светска војна се вовлекуваше до момвите на луѓето каде владееше страв..

ТЕШКО ДЕТСТВО

Пеколот на Данте вели во деветтата книга дека Луцифер влертува со најлошите стравови на сите предавници. Токму така се чувствуваа сите жители чија кожа не беше бела. Мрачната доба на расизмот заедно со преплашените луѓе од војната го пробудуваше она најлошото кај луѓето...Најдебелиот крај го извлекуваа црниците.

Токму во таа населба живееше семејството на Чарлс Расел, човекот за кого се зборуваше дека е спремен да направи се, за да ја заштити својата жена Кејти. А неговата Кејти баш во тој ладен февруар го донесе на свет малиот Бил. А во светот на општиот мрак, ова мало дете го загреа домот на ова семејство.

А дека било тешко да се живее во таа населба, самиот за тоа зборува и Чарлс Реј. Имено, еднаш додека чекал ред за да стави бензин во резервоарот, чекал неколку сати за да го наполни. Одеднаш, од страна на продавачот, добил наредба да го напушти местото каде што чекале и имало исклучиво бели муштерии. Изнервиран Чарлс немал што да прави. Меѓутоа кога се обидел да замине мирно, еден од полицајците му пришол и го натерал овој човек, да моли за да остане жив. Му ја ставил цефката од пиштолот во устата.

“Немој да ме гледаш, замини од овде со светлосна брзина. Оваа пупма не е за црнци!“

рекол полицаецот. Недолго потоа, мајката на Бил, Кејти шетала со својот син низ населбата во фустан. Одеднаш, пред нив се појавил средовечен човек кој извадил двоцефка и рекодл: “Марш дома, фустани овде носат само белите жени“. Тоа бил и повеќе од доволен знак за Чарлс да побара нов дом за својата фамилија.

Следна станица за фамилијата Расел била Оукленд, градот во Калифорнија во кои живееле најголем број на црнци. Во текот на Втората Светска војна, Чарлс Расел се вработил во фабрика за хартија, а црните облаци на сиромаштијата и економската криза минувале низ светот. Бил Расел тогаш имал само 8 години, но тие денови кои ги живеел оставиле длабок траг во неговата млада душа.

И додека Чарлс работел разноразни нископлатени работи на црнците, Бил многу бил поврзан со својата мајка. Но, неволјата никогаш не доаѓа сама. Кога имал само 12 години Кејти паднала во постела. Недолго потоа, следеше нов удар за Бил Расел кога ја испрати мајка си на другиот свет...

Сепак, тоа беше момент кога животот на овој младич се промени. Се зближи со својот татко Чарлс кој ја прифатил работата како камионџија, која била блиску до нивната куќа, за да може да посвети повеќе време на Бил.

“За мене, татко ми стана главен херој. Покасно поминувавме многу време заедно. Уживавме гледајќи го Џорџ Микан. Сакав еден ден да станам како него“ - се присеќа Бил Расел.

Како и многу деца ширум Сад, и Бил Расел болката нанесена од белците ја истурувал врз обрачите. Сепак делуваше дека нема надеж: премногу долгите раце само му сметаа на овој човек кој повеќе личеше дека е опериран од кошарката отколку на талентиран играч. Вистина, имаше скоро несфатливи физикалии, уште тогаш, кога беше дете... Но, тогашнтие тренери беа сигурни: од Бил Расел никогаш нема да стане играч...

ПРВИ УСПЕСИ ВО СРЕДНО ШКОЛО

Меѓутоа, во втората година од неговата средна школа, кога Расел беше на раб на прекин на својата кошаркарска кариера, тренерот Џорџ Пауелс го увиде неговиот голем потенцијал и физичките предиспозиции на овој човек. Пауелс го зеде решен да му каже се што знае за кошарката. По што беше на мета на разни расистички навреди, Расел конечно го доби она што го заслужи - внимание.

Од тој момент животот на Бил се врти за 180 степени. Самодовербата му растеше од ден во ден, секој тренинг се обидуваше да научи нешто ново. Кога во нападот не му одеше добро Пауелс во мислите му засади една мисла, која излезе дека ќе ја прати во текот на целата кариера: “Секогаш можеш да играш добра одбрана“. Се останатото е историја...

А историјата вели дека од раните од расиститчките напади, се претвориле во трофеи и медалји... Нема натпревар во кој не учествувал, а не успеал да го освои. Сепак, не беше толку лесно. Денес реченицата “нападот го добива натпреварот, но одбраната освојува титули“ не е само во НБА лигата, туку и во сите спортови ширум планетата. Некогаш не се мислеше така. Дефанзивата на Бил за време на средношколските денови во дресот на школата Мек Климондс не привлекуваше премногу внимание на познатите факултети.

Меѓутоа, еден ден на натпреварот на Мек Климондс се појави скаут од универзитетот на Сан Франциско. Хол ДеЖулио. ДеЖулио беше воудушевен од кошаркарските знаења на младиот Расел, се заљуби во неговото интелектуално знаење и сфаќање за кошарката, а пред се и снаоѓањето во клач ситуациите. ДеЖулио недолго потоа му понуди на Бил платена школарните на Универзитетот на Сан Франциско. Тоа беше шанса за овој млад играч конечно да побегне од расизмот и да побегне од сиромашството. Шанса која се добива еднаш во животот. И беше решен да ја искористи.

Меѓутоа, илузијата дека претстојувањето на универзитетот дека ќе му донесе слобода и помал расизам, за Бил Расел се сруши како кула ор карти уште по појавувањето на теренот за прв пат во 1953. кога заигра за Сан Франциско. Не беше единствен црнец во тој ростер, но сите играчи со темна кожа беа константна мета на најлоши прозивки од најниската врста. Меѓутоа, на тренерите за среќа, не им сметаше бојата на Расел. Нив им беше важно играчот да поседува квалитет. А, Бил го имаше најмногу.

“Во тоа време, не беше прифатливо, еден црнец да биде најдобар во еден тим. Тоа не се случуваше. Во мојата јуниорска сезона, имав нешто за што верував дека е најдобра колеџ сезона на сите времњиа. Мојот тим победи 28 од 29 натпревари. Ја освоивме НЦАА титулата. Бев МВП на Фајнал Фоурот. Бев во иделната постава. Бележев во просек преку 20 поени и 20 скока. И бев единствен играч на колеџ кој блокира шутеви“ - вели Расел.

По колеџ кариерата Бил Расел важеше за најголем талент во цела Америка. Беше официјално човек кој може најмногу да скокне, беше човек кој 400 метри ги трчаше за 49 секунди, беше човек кој целата колеџ кариерата ја заврши со просек од 20 поени и 20 скока. Беше младич кој во тогашните медиуми беше окарактеризиран како следната голема ѕвезда. На крајот на краевите, со Сан Франциско имаше две по ред НЦАА титули. Малку ли е?

Следеше излегување на драфтот, Расел веќе беше ѕвезда. Го избраа Хокси како 2. пик, но челниците на Бостон не сакаа да го испуштат овој човек. Легендарниот тренер на златната генерација на Бостон, Ред Оербах знаеше што треба да направи:

“Се договоривме со Хокси за да го земеме Расел. Нам ни беше важно само да победуваме. Не не интересираше статистиката. Не не интересираше колку може да шутне, скокне или погоди. Нас не интересираше само триумфот. Знаевме дека тој човек го имаше она што ни треба“ - вели Оербах.

И, не згреши.

“За мене секој натпревар, во текот на кариерата беше прашање на живот или смрт. Одлучив дека ќе играм додека играм. Сакав победа на секој меч. Не ми беше важно дали ќе победам во пријателски меч, во меч од регуларната сезона или во плејоф меч. Сакав да победувам. Бев спремен на се, и ја прифаќав секоја одговорност која ја бараше тимот од мене“ - вели Расел.

А токму со епитет на победник стигна во НБА лигата. Имено, непосредно пред стартот на сезоната, Бил Расел со репрезентацијата на САД стигна до златната медалја на ОИ игрите во 1956. година во Мелбурн.

ПИШУВА ИСТОРИЈА

И токму како победник играше и во наредните 13 години во НБА лигата. Не беше важно дали е болен, дали има температура, грчеви во стомакот или само ужасен ден. Секогаш, сакаше да игра.

“Се, сеќавам еднаш дојде на натпревар со огромна температура, но сакаше да игра. Му реков да оди во соблекувалната и да се измие. Човекот повраќаше на клупата за резервни играчи. Потоа замина, и се врати после пола минута. Ми рече: ’Тренеру, се измив, подобро ми е, сега можам да играм’. Го ставив во игра и победивме. Беше најдобар. Толку сакаше да игра, да победува“ - вели Оербах.

Но, Бил Расел не беше играч кој својата игра ја истакнува во прв план. Најголема НБА ѕвезда во лигата беше Вилт Чемберлејн кој беше брилијантен по бројот на поени, човек кој своите бројки секогаш ги истакнуваше во прв план. Но, кога и да доаѓаше плејофот, Расел беше тој што освојуваше титула. Во првите 10 години освои 9 титули по ред со Селтикси. НБА кариерата ја заврши со 11 трофеи.

Многу пред во НБА лигата да дојдат ЛеБрон Џејмс, Коби Брајант или Мајкл Џордан, Бил Расел се запиша во историјата како најголем од најголемите. Не поради статистиката, туку поради што статистиката на своите играчи што ја правеше подобра. На крајот, и ден денес, Бил Расел е најтрофеен играч во историјата на САД. Не само на кошаркарските терени. Тој човек има најмногу титули меѓу сите играчи во сите колективни спортови на тлото во Северна Америка. Малку ли е?

Лична карта:

Титули: 11 НБА шампион (1957, 1959, 1960, 1961, 1962, 1963, 1964, 1965,1966, 1968, 1969)
МВП: 5 МВП (1958, 1961, 1962, 1963, 1965)
Најдобар скокач: 5 (1957, 1958, 1959, 1964,1965)
Ол Стар: 12 (1958, 1959, 1960, 1961, 1962, 1963, 1964, 1965,1966, 1967, 1968, 1969)
НЦАА: 2 (1955, 1956)

Статистика:

Поени: 14.522 (15.1 по натпревар)
Скокови: 21.620 - втор најдобар скокач во историјата (22.5 по натпревар)
Асистенции: 4.100 (4.3 по натпревар)

0 comments:

Post a Comment