Home » , » Трејси МекГрејди нов член на Сан Антонио Спарси

Трејси МекГрејди нов член на Сан Антонио Спарси

Written By Anonymous on 16.4.13 | 23:02


Тимот на Сан Антонио доби ново засилување. Станува збор за Трејси МекГрејди кои оваа сезона ја помина играјќи во кинескиот прволигаш Кингадау.

Ветеранот во таборот на Спарси стигнува како замена за “Капетанот“ Џек кој пред само неколку дена, потполно неочекувано, беше отпуштен.

Поранешниот 9. пик од драфтот од 1997. година ќе претставува вистинско засилување за “Мамузите“ кои имаат многу амбиции во плејофот. 33 - годишниот играч изигра во НБА лигата 15 сезони во кои просечно бележи 19.6 поени, 5.6 скока и 4.2 асистенции.

Последен клуб во НБА лигата за кој Трејси МекГрејди настапуваше е Атланта Хокс во сезоната 2011/12, по што се пресели во Кина.

0 comments:

Post a Comment