Home » , » Кармело Ентони ја освојува наградата за најдобар стрелец на сезоната

Кармело Ентони ја освојува наградата за најдобар стрелец на сезоната

Written By Anonymous on 17.4.13 | 19:43


Вечерва се играат последните дуели од регуларниот дел од сезоната 2012/13. Сите 30 тимови ќе бидат на паркетот, а најинтересно ќе биде таму каде што тимовите се борат за плејофот. Можеше да се води и борба за титулата за најдобар стрелец, но сепак ништо од тоа.

Кармело Ентони нема да игра вечерва за Никси против Хокс и така сезоната ќе ја заврши со просек од 28.7 поени по натпревар. Неговиот прв пријател е играч на Оклахома, Кевин Дурент, но ниту тој нема да игра вечерва против Бакси. Дурант оваа сезона бележи по 28.1 поени и потребно му е точно 70 поени за да се качи на првата позиција за трката за оваа титула, но сепак и тој ќе одмара вечер.

Дурент минатите три години ја освојуваше оваа награда, но сепак оваа низа ќе застане овде. Има само 24 години, но веќе реално не може да се очекува дека ќе ги стигне Мајкл Џордан и Вилт Чемберлејн кој оваа наградата ја освојуваа 7 сезони по ред, а ја имаат освоено вкупно по 10 пати.

Титулата за најдобар стрелец ќе му биде прва во кариерата на Кармело. Само во сезоната 2006/07 имаше поголем просек од оваа сезона (28.9), но тогаш најдобар беше Коби Брајант со 31.6 поени по натпревар.

Неиграњето на Ентони и Дурент ќе остане запаметено поради што овие двајца не сакаат да се борат за оваа титула. Но, во 1978 година се случи една интересна ситуација кога играчот на Денвер, Дејвид Томпсон и играчот на Сан Антонио Џорџ Гервин во последниот дел од сезоната одлучуваа кој ке се закити со оваа наградата. Прв натпреварот го одигра Томпсон кој на Пистонси им даде 73 поени, а потоа Гервин требаше да постигне барем 58 за титула, а тоа и го направи. Натпреварот го заврши со 63 поени против Јута, и така ја освои својата прва од четирите вакви титули.

0 comments:

Post a Comment