Се продолжува серијата на бурни реакции на одлуката на НБА лигата да ја додели наградата за дефанзивец на годината, на центарот на Мемфис, Марк Гасол. Еден од најнезадоволните од оваа одлука е суперѕвездата на Мајами Хит, ЛеБрон Џејмс кој втор пат во својата кариера завршува како втор најдобар одбранбен играч.
“Тоа е безвеза. Дефинитивно безвеза. Кој сака да биде втор?!“ - се прашува Џејмс.
Тој забележа вкупно 149 поени и прими 14 гласови за првото место. За разлика од него, Гасол забележа 212 поени и убедливи 30 гласови за првото место.
Најдобриот играч на Мајами, во текот на оваа сезона просечно бележеше рекорд на кариерата од вкупно 6.8 дефанзивни скока, а покрај тоа 1.7 украдени топки и 1 блок по натпревар. Сепак, неговиот дефанзивен допринос не може да се мери со статистиката, бидејќи тој е еден од ретките во лигата, кој може да ги брани сите пет позиции.
“Јас сум единствен дефанзивец во оваа лига. Можам да ги бранам сите пет позиции еднакво и квалитетно на теренот и ја играв најдобрата дефанзивна сезона во кариерата. Не се сеќавам некој да чувал плејмејкер и центар еднакво кваитетно како јас. Сепак, наградата е доделена и тука не можам ништо“ - вели Џејмс.
0 comments:
Post a Comment